Пионерските екипи ги одиграа натпреварите со Вардар

Минимален пораз на ЖФК Истатов КУЛ на денешната средба
03/04/2023
Преглед на првото пролетно коло во младинските лиги
03/06/2023

Пионерските екипи ги одиграа натпреварите со Вардар

Двете пионерски екипи денес во рамките на 12.коло, првото пролетно за овие генерации, гостуваа кај тимот на ФК Вардар. На дуелите кои се одиграа во Пржино остваривме реми кај пионерите и бевме поразени кај помладите пионери.

На ова гостување КУЛ на средбата за помлади пионери  започна со следните 11-сетмина: Исајловски Даниел ,  Крстевски Михаил ,  Цветков ,  Ангеловски Никола , Љамалари Фисник (К) , Митров Бојан ,  Атанасовски Стефан, Љамалари Газменд, Стефановски Марко, Ангелески Леон и  Здравевски Спасе.

Првиот дел заврши без погодоци во мрежите на домашната и нашата екипа, по крајот на првите 45.минути на натпреварот кој се одигра во населбата Пржино беше почетниот резултат 0-0.  Во вториот дел од овој натпревар кој е дел од 12.коло во суперлигашката конкуренција за помлади пионери, домашната екипа со два гола дојде до победа, за конечен резултат од 2:0

Од клупата за резерви влегоа: Николовски Даниел, Тасевски Лука ,  Шавгановски Ангел , Сандев Петар, Северов Лука.

Пионерите на Кул и Вардар ги поделија бодовите, играјќи со нерешен резултат 1:1. Ние имавме неколку добри шанси на овој натпревар за победа, кои останаа неискористени, или може да се каже дека на моменти немавме среќа.

Пионери КУЛ: Рајевски Христијан,  Спасовски Александар, Трпевски Петар (К), Петаноски Стојанов Гаврил ,  Имеров Илхан, Наумовски Лука , Јовановски Никола, Спасовски Дамјан, Камчев Стојанче, Михов Јован и  Голубов Давид.

Двата гола кои донесоа по еден бод беа постигнати во првиот период од натпреварот. Во 36.минута беше досуден пенал за нас, откако во противничкиот шеснасетник фаулиран беше Карчев. Истиот одлично го погоди со силен удар на страна  Трпевски Петар  кој стрелаше за 0-1. Домашниот тим исто така со удар од белата точка во последната минута од првиот дел успеа да го израмни резултатот на 1:1, иако Рајевски ја допре топката, сепак истата заврши во мрежата. Во овој дел две добри одбрани имаше и Рајевски на нашиот гол, додека голема шанса имаше капитенот Трпевски кога од слободен удар ја погоди пречката од голот на Вардар.

Во вториот дел, најсериозната прилика за победа ја имавме преку Стојанче Камчев, кој после одлична асистенција од Трпевски, излезе очи во очи со голманот на домашниот тим, биеше, но топката ја погоди стативата. На крајот конечен резултат 1:1.

Играа уште: Лазовски Петар,  Стојаноски Војо и  Костовски Марко.