„Падна“ Работнички, кадетите го добија одложениот натпревар и избија на 4.место на табелата

Преглед на првото пролетно коло во младинските лиги
03/06/2023
Без бодови за младинците од натпреварот со Работнички
03/08/2023

„Падна“ Работнички, кадетите го добија одложениот натпревар и избија на 4.место на табелата

Денес на Цементарница, на натпревар од заостанатото 11.првенствено коло, кадетите на Кул беа подобри од екипата на Работнички. Избраниците на Драган Стефановски-Гаге славеа со резултат 3:1, и ова е втор последователен пролетен триумф, со оглед дека изминатиов викенд беше извојувана победа и над Вардар.

Нашиот состав покажа повеќе од противникот и на крајот стигна до заслужена победа. Новото засилување, Давид Голубов, ни донесе предност во 13 минута од натпреварот, со неговиот погодок го отворивме резултатот на 1:0, истиов беше актуелен и на полувреме. На голот претходеше центар шут од Васиќ, за момент голманот на Работнички ја одби топката, истата стигна до Голубов кој успеа со лоб удар удар да го совлада.

По само четири минути игра во вториот дел, екипата на Работнички успеа да го израмни резултатот на 1:1. Иако примивме погодок, сепак продолживме со офанзивната игра. Се играше 70.минута од натпреварот кога Цамиќ му асистираше на Борјан Наков, кој излезе очи во очи со голманот, успеа да го совлада за враќање на минималното водство, овој пат од 2:1. „Печат“ на победата ставивме во 78 минута кога после центар шут на Васиќ од корнер, Осман Фејзула, со глава успева да го матира противничкиот голман, за предност од 3:1, резултат кој беше и конечен на овој одложен натпревар од 11.коло во кадетската Супер лига.

КУЛ: Јордан Јосифов, Кристијан Теновски, Осман Фејзула, Белмин Цамиќ, Бојан Нацев, Борјан Наков, Даниел Васиќ, Дамјан Љубомировски, Матеј Цветановски (К), Стефан Филиповски и Давид Голубов. 

Играа уште и Давид Димитриевски, Александар Спасовски, Дамјан Спасовски и Матеј Панов. 

Со оваа победа, нашите кадети со 20. освоени бодови избија на 4.место на табелата, со само еден бод помалку од третопласираниот тим на Вардар, додека лидер е Брегалница со 29 бодови.