Без бодови за младинците од натпреварот со Работнички

„Падна“ Работнички, кадетите го добија одложениот натпревар и избија на 4.место на табелата
03/08/2023
Распоред на натпревари во Детската Лига на ФФМ
03/09/2023

Без бодови за младинците од натпреварот со Работнички

Младинците го загубија заостанатиот натпревар од 11.коло против екипата на Работнички. Натпреварот кој денес се одигра на Цементарница заврши во корист на гостинската екипа која славеше со резултат 0:2

Во двете полувремиња од дуелот паднаа по еден гол, за на крајот Работнички да ги освои бодовите. Ние имавме свои прилики на натпреварот кои останаа неискористени. Во 76.минута останавме и со играч помалку на теренот, поради исклучувањето на Јован Митревски.

КУЛ: Мартин Цветковски, Виктор Зафироски, Марко Мицевски, Стефан Ѓорѓиев, Јован Митревски (К), Стефан Стојановски, Дарио Методиевски, Горјан Манасиевски, Горазд Попов, Теодор Перковски, Филип Стојанов.

Играа уште и Мухамедин Фејзула и Илхан Имеров.