Пораз за помладите пионери од екипата на Македонија Ѓ.П

Наков и Голубов донесоа нова победа за кадетите, младинците минимално поразени од Македонија Ѓ.П
03/11/2023
Стојанче Камчев донесе три бода за пионерите
03/12/2023

Пораз за помладите пионери од екипата на Македонија Ѓ.П

Помладите пионери се поразени на натпревар од 13.коло во помладата пионерска Супер Лига од екипата на Македонија Ѓ.П. Натпреварот кој се одигра на Цементарница заврши во корист на гостинската екипа со резултат 0:3 (0:1).

Тренерот Тодоровски стартуваше со следниве 11-сетмина: Христијан Рајевски, Михаил Крстевски, Јане Цветков, Никола Ангеловски, Фисник Љамалари (К), Бојан Митров, Стефан Атанасовски, Газменд Љамалари, Марко Стефановски, Спасе Здравевски, Димитриј Карчев.

По првите 45 минути екипата од Ѓорче имаше минимална предност од 0:1, со погодок од белата точка. Во овој дел од натпреварот не видовме други посериозни шанси кон двата гола. Ние се заканивме преку Стефан Атанасовски, чиј удар го скроти голманот, додека и противникот имаше еден директен удар, кој го одбрани Рајевски.

Во вториот дел, екипата на Македонија Ѓ.П се покажа како подобра на теренот, постигна  два гола, а создаде уште некоја шанса пред нашиот гол. Вториот гол падна после една добра акција на противничкиот тим, додека третиот гол се случи после центар шут од прекин. Нашиот состав во овој дел од натпреварот имаше обид од прекин преку Бојан Митров, но не успеавме да погодиме на овој натпревар. Конечниот резултат на крајот гласеше 0:3.

Играа уште и Петар Трајковски, Даниел Николовски, Леон Ангелски и Лео Мутовиќ.