ФК КУЛ генерација 2009 одигра реми на гостувањето во регионалната лига

Претстојниов викенд ќе се одигра ново коло во Детската Лига на ФФМ
03/23/2023
Поделба на бодовите за екипите на КУЛ и Македонија Ѓ.П, во Регионалната Скопска Лига за повозрасни петлиња
03/25/2023

ФК КУЛ генерација 2009 одигра реми на гостувањето во регионалната лига

Денес во рамките на регионалната лига, лига ФК КУЛ со генерациите 2009 и 2008 гостуваше кај тимот на ФК Македонија Ѓорче Петров.  ФК КУЛ генерација 2009 година одигра реми со домаќинот на средбата за помлади петлиња, овој дуел заврши со резултат 1-1 (0-0).

КУЛ: Георгиевски Божидар, Манев Матеј ,  Ивановски Матеј (К), Љубомировски Теодор, Крчаноски Петар, Стојановски Марко, Гиевски Јован, Стојановски Кирил, Дукоски Филип , Цаца Јорго и   Фидановски Матеј.

Првиот дел и покрај приликите на двете страни заврши без погодоци во мрежата на домашниот голман и нашиот чувар на мрежата, Георгиевски Божидар. На одмор помеѓу двата дела на дуелот кој се одигра во скопската населба Ѓорче Петров се замина со почетниот резултат 0-0.

Двата гола ги водовме во во вториот дел, по еден во двете мрежи за реми исход на оваа средба од 13.коло во скопската регионална лига. Тимот на КУЛ прв поведе во 49.минута за нас погоди Цаца Јорго со чиј гол поведовме со 0-1.  Во 61.минута домаќинот, тимот на Македонија Ѓорче Петров си погодокот на нивниот капитен успеа да дојде до израмнување на 1-1, резултат кој се покажа како конечен на на оваа средба. Ние покрај голот имавме уште неколку прилики на дуелот сепак успеавме да погодиме само еднаш на средбата.

Во игра тренерот Марко Арсовски на оваа средба ги уфрли уште  Нешевски Андреј и Николовски Марио.