Поделба на бодовите за екипите на КУЛ и Македонија Ѓ.П, во Регионалната Скопска Лига за повозрасни петлиња

ФК КУЛ генерација 2009 одигра реми на гостувањето во регионалната лига
03/25/2023
Распоред на натпревари за новото коло во Детската Лига на ФФМ
03/30/2023

Поделба на бодовите за екипите на КУЛ и Македонија Ѓ.П, во Регионалната Скопска Лига за повозрасни петлиња

Генерацијата 2008 одигра со нерешен резултат 2:2 (2:1) на гостувањето кај екипата на Македонија Ѓ.П, на натпревар од 13.коло во Регионалната Скопска Лига.

Интересен и квалитетен натпревар со шанси, но и голови на двете страни, на крајот екипите ги поделија бодовите. Избраниците на Горан Тодоровски први успеаа да го отворат резултатот во 33 минута со голот на Тарик Муртиќ. На голот претходеше акција, во која најпрво биеше Талевски, голманот одбрани за момент, но на одбиената топка стигна Муртиќ кој ја погоди мрежата на домашниот тим за водство од 0:1. Наместо да одиме со гол предност на полувреме, дозволивме за само пет минути да примиме два гола и да имаме негатива на полувреме од 2:1. Македонија Ѓ.П успеа со голови во 35 и 39.минута да направи резултатски пресврт.

Во вториот дел имавме неколку полушанси, кои не беа голема опасност за домашниот тим, но во 78.минута, Марио Ефтимовски постигна евро гол со удар од некаде 20.метри успеа да го матира противничкиот голман и да донесе израмнување на 2:2, резултат кој на крајот се покажа и како конечен.

КУЛ: Ангел Цветевски, Драган Лазаров, Мартин Гоџо, Михаил Алексов, Андреј Николовски (К), Теодор Велковски, Аган Демир, Трајче Талевски, Ведран Арнаудов, Филип Димковски и Тарик Муртиќ.

Играа уште и Марио Ефтимовски и Леон Ангелески.