Матеј Ивановски со нов евро гол донесе победа за помладите „петлиња“ на натпреварот против екипата на Парк

Поранешниот мак.селектор, Ѓоре Јовановски нов координатор во ФК КУЛ
03/31/2023
Нова убедлива победа за генерација 2008, избраниците на Тодоровски подобри од екипата на Парк
04/01/2023

Матеј Ивановски со нов евро гол донесе победа за помладите „петлиња“ на натпреварот против екипата на Парк

Нашите помлади „петлиња“ стигнаа до нова победа на натпревар во рамките на Регионалната Скопска Лига. Денес на Цементарница нашите млади надежи минимално со резултат 1:0 беа подобри од екипата на Парк.

Тренерот Арсовски стартуваше со следниве 11-сетмина: Божидар Георгиевски, Матеј Манев, Матеј Ивановски (К), Теодор Љубомировски, Петар Крчаноски, Марко Стојановски, Јован Гиевски, Кирил Стојановски, Филип Дукоски, Матеј Фидановски, Андреј Нешевски.

Во првото полувреме не видовме многу шанси на двете страни, се играше цврсто на средината на теренот, иако и двете екипи имаа неколку обиди кон голот. Кај нас посериозно се заканија Стојановски, Нешевски и Дукоски, но немаше промена на резултатот. Противникот исто така упати два удари, но далеку од сериозна закана кон нашиот гол. На полувреме се замина со почетните 0:0.

Еден гол го реши овој натпревар, истиот заврши во мрежата на противникот. Повторно на сцена стапи капитенот Матеј Ивановски кој со евро гол од слободен удар успеа да го совлада гостинскиот голман за предност од 1:0.

До крајот умешно го одрживме водството со напаѓачка игра, не дозволивме на противникот посериозно да се закани и да ја загрози нашата предност. Нови три бода и триумф за оваа наша генерација во Регионалната Скопска Лига.

Играа уште Јорго Цаца, Марио Николовски и Леон Андовски.