Нова убедлива победа за генерација 2008, избраниците на Тодоровски подобри од екипата на Парк

Матеј Ивановски со нов евро гол донесе победа за помладите „петлиња“ на натпреварот против екипата на Парк
04/01/2023
Голема победа за кадетите во Струмица, младинците поразени од А.Пандев
04/01/2023

Нова убедлива победа за генерација 2008, избраниците на Тодоровски подобри од екипата на Парк

Генерацијата 2008 со нова висока победа во рамките на Регионалната Скопска Лига. Избраниците на Горан Тодоровски денес на Цементарница со високи 6:0 ја победија екипата на Парк.

Тренерот Тодоровски стартуваше со следниве 11-сетмина: Ангел Цветевски, Мартин Гоџо, Михаил Алексов, Андреј Николовски (К), Теодор Велковски, Аган Демир, Трајче Талевски, Лука Аврамовски, Ведран Арнаудов, Филип Димковски, Тарик Муртиќ.

Самиот резултат говори за случувањата на теренот на овој натпревар. Избраниците на Тодоровски имаа целосна иницијатива и контрола на играта во текот на целиот натпревар. Уште во 9.минута со лоб удар на Трајче Талевски успеавме да го отвориме резултатот на 1:0, додека Тарик Муртиќ пропушти голема шанса да го зголеми резултатот, откако не успеа од добра позиција по додавање на Талевски да го совлада голманот на Парк, кој со одлична интервенција спаси негатива од два гола за својот тим.

Противникот исто така се закани и имаше добра шанса за израмнување, но на нашиот гол се истакна Цветевски и не дозволи израмнување. Велковски Теодор исто така се најде во прилика да го загрози голот на гостите, но не успеа шансата да ја претвори во гол, додека  Тарик Муртиќ донесе предност на Кул од 2:0, резултат кој беше актуелен на полувреме.

Во вториот дел продолживме со офанзивната игра, се редеа шансите пред голот на Парк, а Тарик Муртиќ имаше нова голема прилика да го зголеми резултатот, но шутираше само крај голот. Наградата за нашата добра игра стигна во 47.минута кога со вториот гол на Теодор Велковски поведовме со 3:0. На голот претходеше акција од левата страна, по која Велковски упати центар шут, на прва биеше Велковски, иако голманот ја допре топката, сепак истата заврши во мрежата. После една мешаница од центар шут од корнер, Трајче Костадинов беше играчот кој беше најприсебен, се запиша во листата на стрелци за предност од 4:0.Конечно денес Тарик Муртиќ погоди, кој донесе водство од 5:0, додека конечните 6:0 беа дело на Андреј Николовски.

Честитки до нашиот тим за прикажаната игра и високата победа. Во игра на натпреварот влегоа уште и Илија Белевски, Леон Ангелески, Трајче Костадинов, Марио Ефтимовски, Петар Николовски и Андреј Кузманов.