Голема победа за кадетите во Струмица, младинците поразени од А.Пандев

Нова убедлива победа за генерација 2008, избраниците на Тодоровски подобри од екипата на Парк
04/01/2023
Помладите пионери совладани од Академија Пандев
04/02/2023

Голема победа за кадетите во Струмица, младинците поразени од А.Пандев

Денес, на општинското фудбалско игралиште во Струмица, со кадетите и младинците гостувавме кај екипата на Академија Пандев. На овие натпревари остваривме една победа и еден пораз.

Кадетите со нова победа во Супер Лигата. Избраниците на Драган Стефановски-Гаге се вистински „хит“ сезонава, откако денес славеа во Струмица на дерби натпреварот со екипата на Академија Пандев. Конечниот резултат гласеше 1:2 (0:1). Иако на овој натпревар настапивме без капитенот Цветановски и Наков, како и голманот Јосифов, сепак на крајот успеавме да славиме на ова тешко гостување кај струмичани.

Тренерот Стефановски стартуваше со следниве 11-сетмина: Давид Димитриевски, Кристијан Теновски, Владимир Стефановиќ, Осман Фејзула, Петар Трпевски, Белмин Цамиќ, Даниел Васиќ, Дамјан Љубомировски, Бојан Нацев, Стефан Филиповски, Давид Голубов. 

Уште во 13.минута успеавме да го отвориме резултатот со голот на Давид Голубов. На погодокот претходеше акција во која топката дојде до Цамиќ кој даде прецизен пас до Голубов, излезе во очи во очи со противничкиот голман кој успеа да го совлада за предност од 1:0. Овој резултат беше актуелен после 45 минути игра на теренот во Струмица.

Во вториот дел, видовме два гола, по еден во двете мрежи. После една одлична акција на Васиќ, кој се ослободи од два противнички играчи и додаде до Цамиќ, овој го проигра Даниел Васиќ кој успеа да погоди за водство од 0:2 во 72.минута. Пред крајот на натпреварот, односно во 87.минута тимот на А.Пандев успеа да намали на 1:2, но немаше многу време за поголеми возбудувања, па дерби натпреварот заврши со наш триумф. Со оваа победа, нашите кадети остануваат во игра за освојување на шампионската титула.

Во игра влезе и Дамјан Спасовски.

Младинците доживеа пораз со резултат 4:0,  на полувреме домашниот тим имаше минимално водство од 2:0. Во вториот дел исто така беа постигнати два гола во нашата мрежа. Ние имавме неколку обиди да посстигнеме гол, но денес не успеавме да погодиме.

Кул: Мартин Цветковски, Марко Мицевски, Стефан Ѓорѓиев, Матеј Стојановски, Стефан Стојановски, Горјан Манасиевски, Горазд Попов, Теодор Перковски, Матеј Панов, Филип Стојанов, Јордан Петровски.