Помладите пионери совладани од Академија Пандев

Голема победа за кадетите во Струмица, младинците поразени од А.Пандев
04/01/2023
Со голот на Јовановски Никола, пионерите на КУЛ ја совладаа  екипата на А.Пандев
04/02/2023

Помладите пионери совладани од Академија Пандев

Помладите пионери на ФК КУЛ , денес на Цементарница ја пречекаа екипата на Академија Пандев, на ова средба бевме поразени со резултат 1-3 (1-1).

КУЛ: Рајевски Христијан, Крстевски Михаил ,  Цветков Јане, Ангеловски Никола , Љамалари Фисник (К)Митров Бојан ,  Љамалари Газменд , Стефановски Марко ,  Ангелески Леон ,  Здравевски Спасе и  Карчев Димитриј.

Првиот дел започна со мирна игра на двете страни, нашиот тим прв почна со атаци со цел да го отвори резултатот. Првите два обида за погодок ги имавме по прекин, од слободен удар се заканија за нас Митров Бојан  и Љамалари Газменд. Противникот искористи едно наше невнимание и успеа да постигне погодок за предност од 0-1. Ние веднаш по овој момент тргнавме во атак со цел да ја вратиме резултатската симетрија на натпреварот. По една убава акција преку капитенот, Љамалари Фисник  во 34.минута успевме да изедначиме на 1-1, резултат со кој се замина на одмор на оваа суперлигашка средба.

Вториот дел започна со ран погодок на гостинската екипа која преку пенал успеа да ја врати предноста од еден погодок, тие поведоа со 1-2. Момците од Кул се обидоа да израмнат, прв обид имаше од дистанца Стефановски Марко, чии удар го одбрани голманот на струмичани.  Имавме шанса и преку Цветков Јане, но и неговиот удар не донесе резултатска сметрија. Гостинот искористи тоа што ние нападнавме во финишот и погоди и уште еднаш за конечни 1-3 на овој натпревар за помлади пионери.

Во игра влегоа: Исајловски Даниел , Николовски Даниел, Тасевски Лука и Шавгановски Ангел.