Со голот на Јовановски Никола, пионерите на КУЛ ја совладаа  екипата на А.Пандев

Помладите пионери совладани од Академија Пандев
04/02/2023
Две победи и два порази на натпреварите со А.Пандев, комплетни резултати од одиграното 15.коло
04/03/2023

Со голот на Јовановски Никола, пионерите на КУЛ ја совладаа  екипата на А.Пандев

 

На стадионот „Цементарница“ во рамки на Супер лигата, денес се одигра пионерски дуел помеѓу ФК КУЛ и гостинот од Струмица, екипата на Академија Пандев. На оваа средба избраниците на Тодоровски дојдоа до победа  и три бода со резултат 1-0 (0-0).

КУЛ: Диковски Даниел, Лазовски Петар ,  Петаноски Стојанов Гаврил,  Спасовски Александар , Трпевски Петар (К ), Имеров Илхан, Атанасовски Стефан, Наумовски Лука, Јовановски Никола .  Спасовски Дамјан и  Камчев Стојанче.

Тргнавме офанзивно кон голот на противникот  на самиот старт на овој супелигашки пионерски дуел. Капитенот, Трпевски Петар од корнер два пати  упати удар кон голот на противникот, одбранбените играчи од гол линијата исфрлаа во последен момент во нови корнери. Имавме повеќе од теренската инцијатива, противникот се закани еднаш сериозно, но нашиот голман Диковски Даниел успеа да одбрани атрактивно.  Голема прилика имавме преку Атанасовски Стефан, кој одлично натрча на една топка во празно, упати удар кој за малце заврши над гредата од голот на струмичани. Имавме повеќе од поседот и креацијата во првиот дел на оваа средба, на одмор сепак заминавме со почетниот резултат 0-0.

Вториот дел од овој натпревар во рамки на 15.коло,  се боревме за секоја топка атакувавме на противничкиот гол со цел погодок и освојување на трите бода на оваа средба. Прв обид во вториот дел имаше Трпевски Петар, ударот на капитенот отиде над голот. Ние се заканивме и преку, Спасовски Александар  чии удар беше бликиран. Одличната посветеност во играта и залагањето беше наградено во 77.минута, најдобро пред противничкиот гол се снајде Јовановски Никола кој погоди за 1-0. Одлично во финишот ја зачуавме предноста со офанзивна игра, последен обид имаше Трпески.

Во игра тренерот Тодоровски Стојан ги уфрли: Стојановски Матеј и Костовски Марко.