Христијан Рајевски „јунак“ за Кул, помладите пионери го елиминираа Вардар и се пласираа во 1/2 финалето на Купот

Распоред на натпревари во Детската Лига на ФФМ
04/06/2023
Кадетите и младинците се домаќини на Пелистер, пионерските екипи гостуваат во Битола
04/07/2023

Христијан Рајевски „јунак“ за Кул, помладите пионери го елиминираа Вардар и се пласираа во 1/2 финалето на Купот

  1. Помладите пионери ќе играат во полуфиналето на Купот, откако денес на Цементарница после изведување на удари од белата точка ја победија екипата на Вардар. Натпреварот во регуларниот дел заврши со нерешен резулат 1:1.

Тренерот Тодоровски стартуваше со следниве 11-сетмина: Даниел Исајловски, Михаил Крстевски, Јане Цветков, Никола Ангеловски, Гаврил Стојанов Петаноски, Фисник Љамалари (K), Бојан Митров, Газменд Љамалари, Марко Стефановски, Леон Ангелески и Димитриј Карчев.

После 45 минути игра, нашиот состав имаше минимална предност од 1:0 со убавиот гол од слободен удар на Газменд Љамалари. Иако голманот на Вардар интервенираше, сепак топката заврши во мрежата на гостинската екипа. Во првото полувреме видовме израмнет натпревар, со обиди на двете страни, но сепак ние имавме минимално водство. Уште во првата минута од натпреварот се закани Газменд Љамалари кога биеше над голот, додека противникот успеа да ја погоди стативата после центар шут од слободен удар. На полувреме резултатот гласеше 1:0.

Видовме уште поборбено второ полувреме со многу цврсти дуели на двете страни. Во овој период од натпреварот Вардар успеа да го израмни резултатот на 1:1 и да го донесе ова полуфинале на изведување на удари од белата точка.

Ние можевме предвреме да го решиме натпреварот, кога после едно лошо расчистување на противничкиот голман, Фисник Љамари, имаше можност да ни донесе предност од два гола, но сепак биеше само над голот. Гостинската екипа имаше една закана после израмнувачкиот гол, но во вториот дел наш јунак беше Христијан Рајевски, кој на полувреме го замени Даниел Исајловски. После 90.минути игра, резултатот беше нерешен 1:1, по што се пристапи на изведување на пенали.

Во пенал рулетот подобри бевме ние кои славевме со резултат 4:2. Јунак беше нашиот голман, Христијан Рајевски, кој успеа да одбрани два удари на противничките играчи, додека за нас од белата точка погодија Марко Стефановски, Бојан Митров, Фисник Љамалари и Стефан Атанасовски. На крајот беше голема радоста во нашиот табор, после обезбедување на полуфиналето во Купот.

Честитки до нашите играчи кои денес покажаа пожртвуваност на теренот во текот на сите 90.минути, како и голема концентрација при изведувањето на пенали.

Во игра влегоа Христијан Рајевски, Стефан Атанасовски и Војо Стојановски.