На Цементарница „падна“ и Пелистер, кадетите на Кул се нови лидери во кадетската Супер Лига

Кадетите и младинците се домаќини на Пелистер, пионерските екипи гостуваат во Битола
04/07/2023
Убедлива победа за младинците на натпревар од 16.коло против екипата на Пелистер
04/08/2023

На Цементарница „падна“ и Пелистер, кадетите на Кул се нови лидери во кадетската Супер Лига

Кадетите стигнаа до уште една победа во рамките на кадетската Супер Лига. Денес на Цементарница, во рамките на 16 коло нашите млади надежи беа подобри од екипата на Пелистер со резултат 2:0 (1:0).

Тренерот Стефановски стартуваше со следниве 11-сетмина: Јордан Јосифов, Кристијан Теновски, Владимир Стефановиќ, Осман Фејзула, Белмин Цамиќ, Бојан Нацев, Борјан Наков, Даниел Васиќ, Матеј Цветановски (К), Стефан Филиповски, Давид Голубов.

Нашите кадети имаа поголем посед на топка и контрола на играта во првиот дел од натпреварот, на кој имавме и минимално водство од 1:0. Уште во втората минута од натпреварот можевме да го отвориме резултатот, кога Даниел Васиќ од голема далечина со силен удар ја погоди пречката од голот на Пелистер. Гостинската екипа немаше ниту еден директен удар кон нашиот гол во првите 45.минути, Јордан Јосифов немаше многу работа во првото полувреме.

Успеавме да поведеме со 1:0, откако капитенот Цветановски упати центар шут во противничкиот шеснаесетник, каде го пронајде Борјан Наков кој успеа да го совлада противничкиот чувар на мрежата за наше водство. Во овој дел од натпреварот имавме уште една добра шанса да го зголемиме резултатот, после центар шут од слободен удар на Филиповски, во противничкиот шеснаесетник со глава биеше Кристијан Теновски само крај голот на Пелистер. На полувреме се замина со резултат 1:0.

На самиот старт на вториот дел, избраниците на Стефановски успеаа да го зголемат резултатот на 2:0. Погодокот беше дело на Осман Фејзула кој погоди на одбиена топка, после центар шут од корнер, противничката одбрана за момент реагираше, но топката стигна до Фејзула кој ни донесе позитива од два гола.

И во овој дел од натпреварот имавме целосна контрола на играта, не дозволувајќи на Пелистер да создаде некоја конкретна акција со која би го загрозила нашиот гол. Умешно со офанзивна игра го одржувавме водството. Обиди во овој дел од дуелот имаа и нововлезениот Петат Трпевски, како и капитенот Матеј Цветановски кој биеше крај голот. Пелистер не создаде ниту една голема шанса да го загрози голот на Јосифов. Конечниот резултат на крајот гласеше 2:0.

Во игра влегоа уште и  Александар Спасовски, Петар Трпевски, Дамјан Љубомировски, Дамјан Спасовски Матеј Панов.

После оваа победа, нашите кадети се израмнија на врвот на табелата со екипата на Академија Пандев, која вчера го одигра својот натпревар од ова коло и беше поразена од екипата на Милано. Нашите кадети сега поради подобриот меѓусебен дуел со струмичани, се наоѓаат на првото место на табелата.