Убедлива победа за младинците на натпревар од 16.коло против екипата на Пелистер

На Цементарница „падна“ и Пелистер, кадетите на Кул се нови лидери во кадетската Супер Лига
04/08/2023
Порази за пионерските екипи на гостувањето во Битола
04/09/2023

Убедлива победа за младинците на натпревар од 16.коло против екипата на Пелистер

Младинците стигнаа до убедлива победа на денешниот натпревар од 16.коло во Супер Лигата против екипата на Пелистер со резултат 4:1 (2:0).

Тренерот Стефановски стартуваше со следниве 11-сетмина: Давид Димитриевски, Виктор Зафироски, Марко Мицевски, Јован Митревски (К), Стефан Стојановски, Дарио Методиевски, Горјан Манасиевски, Горазд Попов, Мухамедин Фејзула, Филип Стојановски и Александар Блажески.

Нашите младинци уште во 9.минута од натпреварот успеаа да го отворат резултатот со голот на Горјан Манасиевски кој погоди ефектно, внатре во шеснаесетнико со силен и прецизен удар успеа да го совлада гостинскиот голман за водство од 1:0 во 9.минута.

После отварање на резултатот, во прилика се најде и Филип Стојановски кој биеше со глава, како и Александар Блажески кој се обиде директно од корнер да го изненади голманот на Пелистер, кој одбрани и исфрли во корнер. Откако Стефан Стојановски повлече на средината од теренот и додаде прецизна топка до Горазд Попов, нашиот играч беше фаулиран во противничкиот шеснаесетник, по што главниот судија оправдано покажа на белата точка. Играчот над кој беше направен прекршокот, Горазд Попов, ја зема топката и прецизно го изведе ударот од 11.метри за предност од 2:0.Мора да истакнеме дека во првиот дел, на два пати имавме среќа, откако противничкиот тим успеа да ја погоди стативата од нашиот гол.

Продолживме со напаѓачката игра во вториот дел, а тоа ни донесе нови шанси и секако погодоци. Прв кој се закани во овој период беше Горазд Попов кој биеше над голот, додека предноста на 3:0 во 53 минута ја зголеми Мухамедин Фејзула, кој доби одлична топка од Стојановски во простор, одличен прием имаше Фејзула кој со прецизен удар се запиша во листата на стрелци. Добар удар од некаде 18.метри имаше и Дарио Методиевски, кој го одбрани голманот, додека во следната акција успеавме да зголемиме на 4:0 во 60 минута, со вториот гол денес на Фејзула, кој погоди овој пат на асистенција од Попов.

До крајот на натпреварот за одбележување е ударот на Стефан Стојановски, кој голманот на Пелистер со скроти со крајни напори, како и почесниот гол за гостинскиот тим кој намали на 4:1 во 87 минута, резултат со кој заврши и овој натпревар од 16.коло во младинската Супер лига.

Во нашиот состав играа уште и Јордан Петровски, Илхан Имеров и Илче Миланоски.