Познати сите четири екипи кои се пласираа во 1/2 финалето на Купот кај помладите пионери

Одиграни се натпреварите од 16.коло во Супер Лигата, половичен успех во соочувањето со Пелистер
04/10/2023
(Фотогалерија) КУЛ – Пелистер ( кадети )
04/11/2023

Познати сите четири екипи кои се пласираа во 1/2 финалето на Купот кај помладите пионери

Помладите пионери успеаа да се пласираат во четирите најдобри екипи во Купот на Македонија, откако во 1/4 финалето го елиминираа тимот на Вардар, дури после изведување на удари од белата точка, откако натпреварот во регуларните 90.минути заврши со нерешен резултат.

Познати се и останатите три екипи кои успеаа да се пласираат во 1/2 финалето на ова натпреварување, тоа се Шкупи, Шкендија и Брегалница.

Резултати од одиграните натпревари во 1/4 финалето:

Милано – Шкупи  0:1

КУЛ – Вардар  1:1 ( пенали 4:2)

Пелистер – Шкендија  2:3

Ренова – Брегалница  2:6

Во наредниот период треба да бидат познати и полуфиналните двојки, додека во 1/4 финалето на Купот не очекува и натпревар со кадетите кои треба да гостуваат кај екипата на Вардар.