Кадетите го завршија настапот во Купот

Имаме комплетни 16 одиграни кола во Супер Лигата, како изгледаат табелите
04/14/2023
Четири генерации ќе се натпреваруваат на младинскиот меѓународен турнир „Фудбал Фрејм Куп 2023“ кој ќе се игра во Маџари
04/19/2023

Кадетите го завршија настапот во Купот

Кадетите на Кул денес во рамки на 1/4-финалето од Купот (еден натпревар) гостуваа кај тимот на Вардар. На оваа средба бевме поразени со резултат 3-0 (2-0) со што заврши настапот за нас во ова натпреварување.

КУЛ: Јосифов Јордан, Теновски Кристијан, Стефановиќ Владимир, Фејзула Осман, Трпевски Петар, Цамиќ Белмин, Наков Борјан, Васиќ Даниел, Цветановски Матеј (К) Филиповски Стефан и Блажески Александар.

Противникот успеа во текот на првите 45.минити да обезбеди предност од два гола со кои замина на одмор. Во првиот период имавме и ние свои прилики, најсериозната ја имаше Наков Борјан, за жал неговиот удар го одбрани голманот на домаќините. На одмор заминавме со негатива од 2-0.
Во вториот дел се заканивме да ја преполовиме негативата преку Теновски Кристијан, за жал неговата прилика не донесе погодок. Натпреварот заврши со победа на домаќинот со резултат 3-0.

Играа уште: Димитриевски Давид, Стојановски Матеј, Љубомировски Дамјан, Јовановски Никола и Спасовски Дамјан.