Четири генерации ќе се натпреваруваат на младинскиот меѓународен турнир „Фудбал Фрејм Куп 2023“ кој ќе се игра во Маџари

Кадетите го завршија настапот во Купот
04/18/2023
Во друштво на Хајдук, Динамо Загреб, Ријека, Осијек, Шахтјор Доњецк и други силни екипи, генерацијата 2010 ќе игра на „Макарска Куп 2023“
04/19/2023

Четири генерации ќе се натпреваруваат на младинскиот меѓународен турнир „Фудбал Фрејм Куп 2023“ кој ќе се игра во Маџари

Во периодот од 21-23.април на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари ќе се одржи младински фудбалски меѓународен турнир „Фудбал Фрејм Куп 2023“. На истиот, нашиот клуб ќе се натпреварува во сите четири генерации, за дечиња родени 2011, 2012, 2013 и 2015 година.

Генерацијата 2011 е дел од групата Г, во која се и екипите на Маџари Солидарност, Синѓелиќ и Осогово Паланка.

Турнирот го отвараме во петок (21.04)  со натпревар против екипата на Маџари Солидарност, кој стартува од 09:00 часот. Вториот натпревар е веднаш после првиот, односно од 10:00 часот, силите ќе ги одмериме со екипата на Осогово Паланка. Последниот натпревар во групата го играме во сабота (22.04) против екипата на Синѓелиќ кој е закажан да започне од 11:30 часот.

Генерацијата 2012 ќе се натпреварува во групата Г со екипите на Кожуф од Гевгелија, Маџари Солидарност и Фер Плеј од Охрид. Првиот натпревар за оваа генерација е во петок, кога со почеток од 09:00 часот ќе играме со екипата на Маџари Солидарност, додека истиов ден од 10:30 часот за противник го имаме Кожуф. Групата ја затвараме во сабота, со натпревар против Фер Плеј, кој ќе се одигра од 16:30 часот.

Противници на генерација 2013 во групата Б ќе бидат екипите на Бутел, Порто Подгорица и Национал Ниш 2. Во петок со почеток од 09:30 часот отвараме со екипата на Бутел. Во сабота играме два натпревари, најпрво од 09:00 се надигруваме со екипата на Порто Подгорица, додека од 10:00 часот ќе започне натпреварот против Национал Ниш 2.

Генерацијата 2015 исто така ќе земе учество на турнирот во Маџари. Ќе бидеме дел од групата Г во која се и екипите на Раднички Ниш, Златибор 1 и Еуроспорт. Турнирот го отвараме во сабота (22.04) со почеток од 17:00 против екипата на Златибор 1, додека од 18:00 часот играме со Раднички Ниш. Во недела (23.04) од 10:00 часот во последното коло од групата се среќаваме со екипата на Еуроспорт од Куманово.