Во друштво на Хајдук, Динамо Загреб, Ријека, Осијек, Шахтјор Доњецк и други силни екипи, генерацијата 2010 ќе игра на „Макарска Куп 2023“

Четири генерации ќе се натпреваруваат на младинскиот меѓународен турнир „Фудбал Фрејм Куп 2023“ кој ќе се игра во Маџари
04/19/2023
Продолжуваат натпреварите во Супер Лигата, во рамките на 17.коло ќе играме со Победа од Прилеп
04/20/2023

Во друштво на Хајдук, Динамо Загреб, Ријека, Осијек, Шахтјор Доњецк и други силни екипи, генерацијата 2010 ќе игра на „Макарска Куп 2023“

Од 20-23.април, нашата генерација 2010 ќе се натпреварува на силниот меѓународен турнир „Макарска Куп 2023“

Се работи за силен турнир на кој ќе настапат квалитетни екипи кои ќе се натпреваруваат во генерациите 2010, 2012 и 2014, а нашиот клуб ќе земе учество со генерацијата 2010. Ќе има учесници од 6.земји, 36.клубови или вкупно 71 екипа во сите три генерации ќе се борат за еден од медалите на турнирот во Макарска (Хрватска).

Посебно ќе биде интересен турнирот во нашата генерација, во која ќе играат најдобрите екипи од Хрватска, како Динамо Загреб, Ријека, Хајдук, Осијек, а тука ќе биде и Шахтјор Доњецк од Украина.

Нашите млади надежи се дел од групата Ц, во која се и екипите на Ријека, Вуковар, Широки Бријег и Адриатик Сплит.

Со настапи започнуваме во петок (21.04) од 08:00 часот со натпревар против Ријека, додека истиот ден со почеток од 15:30 часот ќе играме против Адриатик Сплит. Исто така во петок, во вечерниот термин од 20:30 часот ќе играме со Вуковар, додека групната фаза ја заокружуваме во сабота (22.04) со дуел против Широки Бријег од 09:40 часот.

Екипите кои ќе се пласираат на првите две места во групите ќе обезбедат пласман во 1/4 финалето на овој силен младински турнир.