Кадетките и младинките на Истатов Кул гостуваа кај екипата на ЖФК Тиверија

Без бодови за кадетите и младинците на гостувањето кај Победа
04/21/2023
Генерацијата 2010 стартуваше со настапи на силниот меѓународен турнир „Макарска Куп“
04/21/2023

Кадетките и младинките на Истатов Кул гостуваа кај екипата на ЖФК Тиверија

Денес, кадетките и младинките на Истатов Кул, гостуваа во Струмица кај екипата на Тиверија, на првенствени натпревари кои се одиграа на општинското фудбалско игралиште во Струмица.

Кадетките на Тиверија и Истатов Кул ги поделија бодовите играјќи со нерешен резултат 1:1. Домашниот тим прв успеа да го отвори резултатот и на полувреме да има предност од 1:0, додека ние во вториот дел израмнивме со голот на Христина Јовановска, а пропуштивме шанса за победа со оглед дека не успеавме да реализираме удар од белата точка.

Истатов Кул: Илина Кировска, Надица Стојановска, Наталија Јованова, Катерина Трајкова, Каја Диневска, Ема Нановска, Ева Тодорчевска, Мила Цветановска, Мила Миткова, Ангелина Димишковска (К), Христина Јовановска.

Младинките беа поразени со резултат 7:1, стрелец на единствениот гол за нас беше Елена Крстеска.

Истатов Кул: Љубица Ристова, Елена Стаматовска, Ива Матиќ (К), Викторија Петкова, Мила Зафировска, Михаела Радевска, Радмила Анџелковиќ, Анастасија Пачовска, Верче Стафидова, Бистра Велјановска, Елена Крстеска.

Во игра влезе и Тина Туџарска.