Убедливи победи за „петлињата“ на Кул, на гостувањето кај екипата на Аеродром

Љамалари и Митров за три бода на помладите пионери, триумф во дуелот со Победа
04/22/2023
Стојанче Камчев донесе големи три бода за пионерите
04/22/2023

Убедливи победи за „петлињата“ на Кул, на гостувањето кај екипата на Аеродром

Денес на теренот во Ново Лисиче, генерациите 2008 и 2009 гостуваа кај екипата на Аеродром 2018, на натпревари од Регионалната Скопска Лига. На овие натпревари забележавме две високи победи.

Генерацијата 2009 стигна до убедлива победа, која беше остварена со резултат 0:6. Сите дилеми околу конечниот победник ги решивме во првиот дел од натпреварот, кога резултатот гласеше 0:4. Во 9.минута од натпреварот го отворивме резултатот со голот на Јован Гиевски, додека во 14.минута водството на 0:2 го зголеми Марко Стојановски. Креиравме доста шанса, имавме голем посед на топка, едноставно противникот не беше опасен кон нашиот гол. Во 20.минута во листата на стрелци се запиша и Филип Дукоски кој ни донесе предност од 0:3, додека во 30.минута својот прв гол денес го постигна и Јорго Цаца, за на полувреме да имаме водство од 0:4.

Продолживме со офанзивната игра во второто полувреме, која беше наградена со уште два гола во мрежата на домашниот тим. Нов играч успеа да се запише во листата на стрелци, тоа беше Марио Николовски кој во 53,минута погоди за 0:5, додека конечните 0:6 во 76.минута ги постави кововлезениот Марио Антоновски.

КУЛ: Божидар Георгиевски, Матеј Манев, Матеј Ивановски, Теодор Љубомировски, Петар Крчаноски, Марко Стојановски, Јован Гиевски, Филип Дукоски, Јорго Цаца, Матеј Фидановски, Марио Николовски. 

Играа уште и Андреј Илијевски, Николај Накевски и Марио Антоновски.

До победа стигнаа и повозрасните „петлиња“ кои до триумф стигнаа со идентичен резултат 0:6.

На оваа средба доминириравме во целост особено во првиот дел кога постигнавме 5.гола во мрежата на домаќинот. Најпрвин Талевски Трајче со голот во 13.минута стрелаше за 1-0. Ја удвоивме предноста преку Муртиќ Тарик во 23.минута, тој погоди за 2-0. Стрелецот на првиот гол Талевски веќе во следната минута донесе високи 3-0. Имавме целосна доминација, на сцена стапи Алексов Михаил кој со два гола (33’и 36′) ги постави конечните 5-0 за првиот дел.

Како го започнавме првиот дел така го стартувавме и вториот период на овој дуел од регионалната лига за петлиња. Топката дојде до Велковски Теодор, се играше 49. минута кога нашиот играч ги постави конечните 6-0 на оваа средба. Со оваа победа дојдовме до нови бодови во регионалното натпреварарување.

КУЛ: Ангел Цветевски, Драган Лазаров, Михаил Алексов, Андреј Николовски, Теодор Велковски (К), Трајче Талевски, Лука Аврамовски, Ведран Арнаудов, Филип Димковски, Тарик Муртиќ, Андреј Кузманов.

Кај нас во игра влегоа: Белевски Илија, Гоџо Мартин и Николовски Петар.