Љамалари и Митров за три бода на помладите пионери, триумф во дуелот со Победа

Генерацијата 2010 стартуваше со настапи на силниот меѓународен турнир „Макарска Куп“
04/21/2023
Убедливи победи за „петлињата“ на Кул, на гостувањето кај екипата на Аеродром
04/22/2023

Љамалари и Митров за три бода на помладите пионери, триумф во дуелот со Победа

Помладите пионери успеаа да победат на натпревар од 17.коло во Супер Лига. На Цементарница нашиот состав стигна до триумф со резултат 2:0 (1:0).

Тренерот Стојановски стартуваше со следниве 11-сетмина: Христијан Рајевски, Михаил Крстевски, Јане Цветков, Гаврил Петаноски, Никола Ангеловски, Фисник Љамалари (К), Бојан Митров, Стефан Атанасовски, Марко Стефановски, Леон Ангелески и Димитриј Карчев.

На полувреме имавме минимална предност од 1:0 со голот на Фисник Љамалари. Ние имавме поголем посед на топка и теренска иницијатива во првиот дел од натпреварот. Екипата на Победа го имаше првиот удар кој заврши крај голот на Рајевски, додека кај нас први се заканија Михаил Крстевски и Леон Ангелески. Во шанса во противничкиот шеснаесетник се најде и Стефан Атанасовски, но одлично одбрани голманот на Победа и спречи негатива за својот тим. Екипата од Прилеп можеше лесно да го отвори резултатот, кога после центар шут од корнер, еден од противничките играчи биеше со глава, за наша среќа топката ја погоди пречката.

После направен фаул во противничкиот шеснаесетник над Димитриј Карчев, главниот судија на овој натпревар покажа на белата точка. Капитенот Фисник Љамалари биеше, но не успеа да погоди, односно шутираше над голот. Сепак во последните пет минути од првиот дел, избраниците на Стојановски успеаа да го отворат резултатот, со голот на Фисник Љамалари, кој се исправи поради промашениот пенал, биеше од некаде 18 метри силно и прецизно за предност од 1:0, резултат со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел не видовме многу сериозни шанси, иако сепак ние успеавме во последната минута од натпреварот да постигнеме гол и да го добиеме натпреварот со резултат 2:0. Во вториот дел на голот застана Даниел Исајловски, кој мора да истакнеме дека имаше неколку добри интервенции на нашиот гол.

Се играше последната минута од натпреварот, кога после добра акција која започна од Лука Тасевски, кој проигра до Љамалари, овој асистира до Бојан Митров кој успеа да се запише во листата на стрелци и да ги постави конечните 2:0 на овој натпревар од 17.коло во помладата пионерска Супер лига.

Играа уште и Даниел Исајловски, Спасе Здравевски, Лука Тасевски и Петар Трајковски.