Стојанче Камчев донесе големи три бода за пионерите

Убедливи победи за „петлињата“ на Кул, на гостувањето кај екипата на Аеродром
04/22/2023
Освоени 6 од максималните 12 бодови во соочувањето со Победа, преглед на одиграното 17.коло
04/23/2023

Стојанче Камчев донесе големи три бода за пионерите

Пионерите на Кул успеаа да слават на натпревар од 17.коло во Супер Лигата, откако денес на Цементарница минимално со 1:0 (0:0) беа подобри од екипата на Победа од Прилеп.

Тренерот Стојановски стартуваше со следниве 11-сетмина: Даниел Диковски, Александар Спасовски, Петар Трпевски (К), Матеј Стојановски, Илхан Имеров, Лука Наумовски, Никола Јовановски, Дамјан Спасовски, Стојанче Камчев, Јован Михов и Давид Голубов.

Во првиот дел најголемата шанса за отварање на резултатот ја имавме преку Лука Наумовски кој не успеа од неколку метри да го совлада голманот на Победа, откако Голубов одлично асистираше, сепак Наумовски биеше високо над голот. Во овој дел од натпреварот за одбележување е обидот на Спасовски со глава после центар шут од корнер на Трпевски, додека една голема шанса имаше и Победа, но Даниел Диковски со одлична парада го спаси нашиот гол. На полувреме се замина со почетните 0:0. Ние имавме поголем посед на топка, но не успеавме на одмор да заминеме со водство.

Во второто полувреме, екипата на Победа имаше можност да го отвори резултатот, откако добија удар од белата точка. На нашиот гол, Даниел Диковски, беше присебен и успеа да го одбрани ударот од 11.метри на противничкиот играч и да не дозволи гостинската екипа да стигне до предност. Следеше и црвен картон за еден од играчите на Победа и тоа директен откако остро стартуваше на наш играч. Имавме иницијатива, со цел да постигнеме гол, тоа се оствари во последните три минути од натпреварот, кога после еден центар шут од десната страна, Стојанче Камчев успеа да ја затресе мрежата на Победа и да ги постави конечните 1:0 на овој натпревар од 17.коло во пионерската Супер лига.

Во играа влегоа Петар Лазовски и Петар Стојановски.