Утре во Штип, помладите пионери го играат 1/2 финалето во Купот

(ТАБЕЛИ) Кул и А.Пандев со исти бодови и по комплетирање на 17.коло, Шкупи се вмеша во борбата за титулата
04/25/2023
Пеналите посреќни за Брегалница, помладите пионери елиминирани во 1/2 финалето на Купот
04/27/2023

Утре во Штип, помладите пионери го играат 1/2 финалето во Купот

Во четврток (27.04) својот натпревар од 1/2 финалето во Купот на Македонија ќе го одиграат помладите пионери.

Избраниците на Стојан Тодоровски ќе гостуваат во Штип кај екипата на Брегалница. Ќе се игра само еден натпревар, по кој ќе биде познат тимот кој ќе се пласира во големото финале на ова натпреварување.

Натпреварот ќе се одигра на градскиот стадион во Штип со почеток од 16:00 часот.

Двете екипи веќе одиграа еден натпревар сезонава, во рамките на помладата пионерска Супер Лига, кога на Цементарница нашите млади надежи славеа со резултат 2:0, со двата гола на Фисник Љамалари, а веќе претстојниов викенд не очекува уште едно соочување со Брегалница, на натпревар од 18.коло, кога исто така ќе гостуваме во Штип.

На табелата во Супер лигата, Брегалница е пласирана на 5.место со 26 бодови, додека нашиот тим е на позизицијата број десет со 18 освоени бодови.