Пеналите посреќни за Брегалница, помладите пионери елиминирани во 1/2 финалето на Купот

Утре во Штип, помладите пионери го играат 1/2 финалето во Купот
04/26/2023
Три дена натпревари во Детската Лига на ФФМ
04/28/2023

Пеналите посреќни за Брегалница, помладите пионери елиминирани во 1/2 финалето на Купот

Помладите пионери за жал не успеаа да се пласираат во големото финале на националниот Куп, откако попладнево беа поразени од Брегалница, дури после изведување на удари од белата точка (4:1). Во регуларните 90.минути натпреварот кој се одигра на градскиот стадион во Штип заврши со нерешен резултат 1:1.

Гледавме цврст и борбен натпревар, сепак влогот беше голем, пласман во финалето на Купот и борбата за трофејот. Се играше по средината на теренот, и двете екипи беа претпазливи во своите обиди и не оставаа многу простор за изненадување. Сепак, во 25.минута екипата на Брегалница успеа да го отвори резултатот и да поведе со 1:0 со голот на Стојановски, резултат кој беше актуелен на полувреме.

Ние во вториот дел тргнавме поофанзивно, немавме што да загубиме и се обидувавме да го израмниме резултатот. Тоа се случи во 76.минута кога после центар шут од левата страна, еден од противничките играчи си постигна авто гол, но погодокот е препишан на Јане Цветков, кој беше најблиску во дефанзивните играчи. Со резултат 1:1 заврши регуларниот дел на овој полуфинален натпревар во Купот.

Се пристапи на изведување на удари од белата точка, каде екипата на Брегалница беше поуспешна. За нас од белата точка погоди единствено само Бојан Митров, додека непрецизни беа Марко Стефановски и Фисник Љамалари.

КУЛ: Даниел Исајловски, Јане Цветков, Гаврил Петаноски, Никола Ангеловски, Бојан Митров, Фисник Љамалари (К), Стефан Атанасовски, Газменд Љамалари, Марко Стефановски, Леон Ангелески и Димитриј Карчев.

Играа уште и Христијан Рајевски, Михаил Крстевски, Спасе Здравевски и Лука Тасевски.