Младинците до три бода против Брегалница Штип, Перковски стрелец на голот

Наков донесе три бода и лидерска позиција за кадетите на КУЛ
04/29/2023
(Фотогалерија) КУЛ подобар од Брегалница во дуел од кадетската лига
05/01/2023

Младинците до три бода против Брегалница Штип, Перковски стрелец на голот

Младинците на КУЛ, на „Цементарница“ денес дојдоа до победа над тимот од Штип, екипата на ФК Брегалница со резултат 1-0 (1-0).

КУЛ: Мицевски Марко, Зафироски Виктор, Ѓорѓиев Стефан, Митревски Јован (К) Стојановски Стефан, Методиевски Дарио, Манасиевски Горјан, Попов Горазд, Перковски Теодор, Стојанов Филип и Блажески Александар.


Нашите момци имаа повеќе од играта на почетокот на натпреварот. Шанса прва имавме преку Методиевски Дарио, чии удар не донесе погодок. Потоа се заканивме преку Перковски Теодор, чии удар мина крај голот за неколку сантиметри. По една убава акција Перковски Теодор донесе предност со 1-0 за нашиот тим во 26.минута. Веднаш по голот и Попов впиша обид за нас. Кул доминантен беше на теренот и вредеше шанси, стрелец на голот за нас погоди во гредата. Со офанзивна игра успеавме да заминеме на одмор на овој суперлигашки младински дуел со гол предност, односно со резултат 1-0.

Во вториот дел тренерот Гаге Стефановски во игра ги уфрли Фејзула Мухамедин и Имеров Илхан.

Во овој период успеавме со офанзивна игра да ја задржиме предноста од првите 45.минити на овој суперлигашки младински дуел. Дојдовме до победа со минимални, но доволни 1-0 на натпреварот против штипјаните во ова 18.коло од сезоната 2022/2023.