Наков донесе три бода и лидерска позиција за кадетите на КУЛ

Следат натпревари против Брегалница, погледите насочени кон кадетите
04/28/2023
Младинците до три бода против Брегалница Штип, Перковски стрелец на голот
04/29/2023

Наков донесе три бода и лидерска позиција за кадетите на КУЛ

Кадетите на ФК КУЛ, денес на домашен терен обезбедија минимална и важна победа над Брегалница од Штип. Нашите момци дојдоа до три бода со резултат 1-0 (0-0) и со овие три бода се искачија на лидерската позиција на табелата во суперлигата.

Кул: Јосифов Јордан, Теновски Кристијан, Стефановиќ Владимир, Спасовски Александар, Фејзула Осман, Трпевски Петар, Цамиќ Белмин, Наков Борјан, Васиќ Даниел, Цветановски Матеј (К) и Голубов Давид.

Првата половина од првиот дел имавме теренска инцијатива, но без конкретни прилики. Имавме посед напаѓаме, изведовме 4-5.корнера во овој период. Противникот прв пат се закани во 22.минта од дуелот, на нашиот гол Јосифов беше на висина на задачата. Најголемата шанса ја имавме во финишот преку Наков Борјан, кој доби од Цамиќ Белмин одлична топка на 10сетина метра, за жал неговиот удар заврши над гредата. Само минута по оваа прилика беше досуден крајот на првиот дел, па на пауза заминавме со почетниот резултат 0:0 на овој суперлигашки натпревар.


Вториот дел започна возбудливо, најпрвин гостите од Штип ја погодија нашата пречка, веќе во следниот напад имавме голема шанса. Трпевски Петар упати одличен удар кој не донесе предност за нашите кадети. Удар со глава по нафрлена топка од десната страна имаше Теновски Кристијан, неговиот удар го одбрани голманот на штипјани. Голема шанса за гол имаше Цамиќ Белмин чии удар го одбрани голманот со крајни напори и исфрли во корна. Конечно во судиското продолжување топката дојде до Цветановски кој асистираше Бојан Наков за погодок вреден три бода за нашите момци.

Играа за нас Љубомировски Дамјан,  Спасовски Дамјан и  Филиповски Стефан.