Каков е распоредот до крајот за кадетите на Кул и А.Пандев, главните претеденти за освојување на Шампионската титула

Кул и А.Пандев победија, битката за титулата станува се поинтересна
05/02/2023
Андреј Николовски: Кул е добра шанса за напредок во фудбалот, мојот сон е да го облечам националниот дрес
05/03/2023

Каков е распоредот до крајот за кадетите на Кул и А.Пандев, главните претеденти за освојување на Шампионската титула

Влегуваме во последниот месец од натпреварувачката сезона 2022/23 во Супер Лигата, за нас посебно интересна во борбата за шампионската титула во кадетската Супер Лига.

Нашиот состав предводен од Драган Стефановски се наоѓа на делба на првото место со екипата на Академија Пандев, со идентични освоени 35 бодови.

До крајот на сезоната остануваат да се одиграат уште четири кола, по кои ќе биде познат и шампионот во лигата. Каков е распоредот до крајот за нас и тимот од Струмица можете да погледнете во продолжение.

19. коло: КУЛ – Охрид

20. коло: Милано – КУЛ

21.коло: КУЛ – Шкендија

22.коло: Работнички – КУЛ

 

19. коло: Академија Пандев – Вардар

20. коло: Македонија Ѓ.П – Академија Пандев

21. коло: Академија Пандев – Шкупи

22 коло: Охрид – Академија Пандев

Во случај на еднаков број на освоени бодови на крајот од сезоната, Шампион ќе биде тимот кој е подобар во меѓусебниот дуел. Ние во тој поглед сме подобри со оглед дека го добивме натпреварот кој се играше во Струмица (1:2), додека на Цементарница одигравме без победник (0:0).