Андреј Николовски: Кул е добра шанса за напредок во фудбалот, мојот сон е да го облечам националниот дрес

Каков е распоредот до крајот за кадетите на Кул и А.Пандев, главните претеденти за освојување на Шампионската титула
05/02/2023
Следуваат натпревари против Охрид Лихнидос во 19.коло на Супер Лига
05/04/2023

Андреј Николовски: Кул е добра шанса за напредок во фудбалот, мојот сон е да го облечам националниот дрес

Интервју со Андреј Николовски, играч роден 2008 година, кој сезонава со неговата екипа се натпреварува во Регионалната Скопска Лига. Потекнува токму од нашата фудбалска школа, а веќе осум години е дел од клубот. Андреј е капитен на својата генерација, играч без кој не може да се замисли играта на својот тим. Посветен на тренинзите и натпреварите, покрај тоа што често учествува во акциите и е еден од главните асистенти на екипата, Андреј исто така и се запишува во листата на стрелци.

Во продолжение интервју со Андреј Николовски, дел од генерацијата 2008 на ФК Кул.

1. На колку години беше вашиот прв тренинг во Кул, и кој беше првиот тренер од кој имавте можност да ги учите основите во фудбалот ?

-Фудбал започнав да тренирам уште пред да наполнам шест години во ФК Кул, во кој сум повеќе од осум години. Од самиот почеток покрај претседателот Рацо Цветановски во фудбалската игра ме воведе тренерот Саше Божиноски.

2. Од каде произлезе желбата да почнете да играте фудбал, дали се интересиравте и за друг спорт ?

-Желбата за фудбал се роди уште кога бев многу мал, секогаш мојата игра надвор беше со топка и затоа посакав и се зачленив да тренирам во ФК Кул.

3. Кој е најсилниот меѓународен турнир на кој сте играле со вашиот тим ?

-Имаме учествувано на доста меѓународни турнири, како најсилен би го издвоил меѓународниот турнир во Загреб, Хрватска.

4. Што претставува Кул за вас, со оглед дека сте долго време во клубот, колку истиот е заслужен за вашиот напредок како играч ?

-ФК Кул е добра шанса за напредок во фудбалот преку овозможување на квалитетни услови за работа. Клубот постојано расте и се развива од година во година, а доказ за тоа е и ангажманот на поранешниот селектор Ѓоре Јовановски како координатор. Постојаното воведување на нови работи влијае на зголемена професионалност и успех на клубот.

5. Кој е вашиот омилен фудбалер и европски клуб кој најмногу го гледате  ?

-Мој омилен клуб воедно и за кој што навивам е клубот Барселона, а омилен играч ми е Лионел Меси, додека од македонските репрезентативци ми е Енис Барди.

6. Омилена позиција на која Андреј најдобро се чувствува на теренот ?

Јас имам играно на повеќе позиции, но за мене најдобра позиција во која се пронајдов е средината на теренот. Оваа позиција бара многу трчање и креативност во играта, затоа мене најмногу ми се допаѓа ова место на теренот.

7. Едно ваше видување за постигнатите резултати и игрите на вашиот тим сезонава во Регионалната Скопска Лига ?

-Оваа сезона имаме доста добри настапи во Регионалната Скопска Лига, од натпревар во натпревар играме се подобро и подобро, не краси другарството, тимскиот дух и пожртвуваноста на секој натпревар. Можам да кажам дека ниту еден противник не не надигра во првенството и покрај тоа што имавме неколку несреќни порази. Секој натпревар сме подобри и подобри.

8. Наброј три работи кои се потребни за еден играч да стане врвен фудбалер ?

-Да се стане врвен фудбалер е многу тешко. Најпрвин треба да се има огромна желба, упорност и посветена работа.

9. Сезонава имате можност да работите со Горан Тодоровски, за каков тренер станува збор, колку тој влијае на екипата ?

-Огромни заслуги за нашиот напредок и успех како екипа се дело на нашиот тренер Горан Тодоровски. Несебично ни го пренесува своето искуство и знаење како и желба од нас да направи добри фудбалери. Нашиот тим функционира како едно големо семејство.

10. Која е целта која сака Андреј да ја исполни во иднина ?

-Најпрвин сакам да постигнеме големи успеси со екипата на ФК Кул и еден ден да заиграм во некоја од најсилните европски лиги и да го облечам дресот со државниот грб, што е мој сон.