Хет-трик на Борјан Наков за голема победа на кадетите против Охрид

Ема Нановска донесе триумф за кадетките на Истатов Кул, на натпревар против Победа Валандово
05/06/2023
Три бода за младинците во соочувањето со Охрид Лихнидос
05/06/2023

Хет-трик на Борјан Наков за голема победа на кадетите против Охрид

Голема и важна победа за кадетите во борбата за освојување на Шампионската титула, Денес на Цементарница на натпревар од 19.коло во Супер лигата, нашите кадети беа подобри од екипата на Охрид Лихнидос со резултат 4:2 (1:1).

Тренерот Стефановски стартуваше со следниве 11-сетмина: Јордан Јосифов, Владимир Стефановиќ, Кристијан Теновски, Александар Спасовски, Даниел Васиќ, Матеј Цветановски (К), Белмин Цамиќ, Давид Голубов, Борјан Наков, Осман Фејзула и Петар Трпевски.

По првите 45 минути игра резултатот беше нерешен 1:1. Уште во 2.минута од натпреварот имавме можност да го отвориме резултатот, после центар шут н Наков од левата страна, Голубов биеше од некаде пет метри, но голманот на Охрид со одлична интервенција спаси негатива за својот тим. Во следната наша акција успеавме да го отвориме резултатот со голот на Борјан Наков кој ја затресе мрежата на гостинскиот тим за предност од 1:0 во 6.минута. Екипата на Охрид успеа да се врати во игра и со убав гол од некаде 25.метри да го израмни резултатот на 1:1 во 21.минута. Ние до крајот на првиот дел имавме иницијатива со цел да ја вратиме предноста. Од прекин се обиде Голубов кој шутираше крај левата статива, како и Трпевски кој од десната страна откосо биеше силно крај голот на Охрид. На полувреме се замина со резултат 1:1.

Екипата на Охрид и во вториот директен удар кон нашиот гол успеа да постигне гол и да направи резултатски пресврт за 1:2 во 53.минута. Избраниците на Стефановски-Гаге и покрај негативата не се откажаа од намерата да стигнат до три бода на овој натпревар. Комплетно го „окупираа“ голот на Охрид до крајот на натпреварот, постигнувајќи три гола во противничката мрежа.

После една акција од левата страна и пропуштена топка од Наков, капитенот Матеј Цветановски успеа со силен удар по земја да го совлада гостинскиот голман и да го израмни резултатот на 2:2 во 57 минута. Продолживме со иницијативата која ни донесе пресврт, во 65 минута после една добра акција, Љубомировски додаде до Цветановски, овој до Наков кој биеше прецизно за предност од 3:2 во 65 минута.

После една соло акција, со хет-трик на Борјан Наков зголемивме на 4:2 и ставивме точка на овој натпревар во кадетската Супер Лига.

Играа уште и Дамјан Љубомировски, Дамјан Спасовски и Стојанче Камчев