Три бода за младинците во соочувањето со Охрид Лихнидос

Хет-трик на Борјан Наков за голема победа на кадетите против Охрид
05/06/2023
Победи за генерациите 2008 и 2009 на гостувањето кај Партизан Фудбал Кидс
05/07/2023

Три бода за младинците во соочувањето со Охрид Лихнидос

До три бода во 19.коло од Супер Лигата стигнаа и нашите младинци кои беа подобри од екипата на Охрид Лихнидос. Конечниот резултат на натпреварот кој се одигра на Цементарница гласеше 4:1 (1:1).

Стефановски стартуваше со овој состав: Давид Димитриевски, Виктор Зафироски, Марко Мицевски, Стефан Ѓорѓиев, Јован Митревски (К), Стефан Стојановски, Дарио Методиевски, Горазд Попов, Теодор Перковски, Филип Стојанов, Александар Блажески.

Во првиот дел видовме по еден гол во двете мрежи. Пред да го отвориме резултатот обиди кон голот на Охрид имаа Митревски и Перковски, додека водство од 1:0 во 15.минута ни донесе капитенот Јован Митревски, кој беше на вистинското место после центар шут од корнер на Стојановски. Во 25.минута гостинската екипа успеа да израмни на 1:1, а пред израмнувачкиот гол исто така имаа обид, но тогаш одбрани Димитриевски на нашиот гол. Ние имавме поголем посед на топка и контрола на играта, но на полувреме резултатот беше израмнет.

 

Бевме поконректни во вториот дел и повеќе ја посакувавме победата од противникот. Марко Мицевски после изведен корнер се најде во ситуација да го загрози голот, но беше неприцезен. После центар шут од корнер на Стојановски успеавме да го вратиме водството, резултатот во 70 минута беше 2:1 со авто гол на еден од противничките играчи, додека „точка“ на нашата победа со погодок за 3:1 стави Стефан Ѓорѓиев кој со глава успеа да го совлада гостинскиот голман. Екипата од Охрид имаше еден обид кој заврши крај голот на Димитриевски. Во 89.минута за зголемување на предноста и конечни 4:1 се погрижи Мухамедин Фејзула.

Играа и Горјан Манасиевски и Мухамедин Фејзула.