Победи за генерациите 2008 и 2009 на гостувањето кај Партизан Фудбал Кидс

Три бода за младинците во соочувањето со Охрид Лихнидос
05/06/2023
Три бода за помладите пионери, пионерите поразени, на натпреварите против Охрид Лихнидос
05/07/2023

Победи за генерациите 2008 и 2009 на гостувањето кај Партизан Фудбал Кидс

Генерациите 2008 и 2009 успеаа да забележат победи на денешните натпревари од Регионалната Скопска Лига, откако беа подобри од екипата на Партизан Фудбал Кидс.

Генерацијата 2009 предводена од Марко Арсовски славеше со резултат 0:2. Двата гола беа постигнати во првиот дел од натпреварот, истите беа дело на Кирил Стојановски во 20 и 30.минута од натпреварот. Заслужен триумф за нашиот тим кој имаше поголем дел од играта на овој натпревар.

КУЛ: Божидар Георгиевски, Андреј Илиевски, Матеј Манев, Лука Ветеров, Теодор Љубомировски, Петар Крчаноски (К), Марко Стојановски, Јован Гиевски, Кирил Стојановски, Филип Дукоски и Јорго Цаца.

До минимална победа со резултат 0:1 стигна генерацијата 2008 која славеше на ова гостуваотивнње. Моментот на одлука се случи во 50.минута кога противничката мрежа ја затресе Теодор Велковски во 50 минута од натпреварот. Избраниците на Горан Тодоровски имаа поголем посед на топка и иницијатива, создадоа и неколку шанси за поголема победа, но и овој минимален триумф донесе три бода.

КУЛ: Ангел Цветевски, Драган Лазаров, Петар Николовски, Марио Ефтимовски, Андреј Николовски (К), Теодор Велковски, Аган Демир, Трајче Талевски, Ведран Арнаудов, Филип Димковски и Андреј Кузманов.