Три бода за помладите пионери, пионерите поразени, на натпреварите против Охрид Лихнидос

Победи за генерациите 2008 и 2009 на гостувањето кај Партизан Фудбал Кидс
05/07/2023
Преглед на резултати од одиграното 19.коло во Супер лигата
05/08/2023

Три бода за помладите пионери, пионерите поразени, на натпреварите против Охрид Лихнидос

Денес со пионерските екипи гостувавме кај екипата на Охрид Лихнидос, на натпревари од 19.коло во Супер лигата.

Помладите пионери стигнаа до три бода откако славеа на гостувањето кај екипата на Охрид со резултат 1:2. Заслужена победа за нашите млади надежи кои покажаа повеќе на теренот од противникот. Се играше 28.минута кога после продор на Фисник Љамалари од левата страна, истиот играч центрира во противничкиот шеснасетник, Марко Стефановски беше играчот кој ја прима топката и ја пласира во мрежата за водство од 0:1. Имавме две добри прилики преку Фисник Љамалари за да го зголемиме резултатот, но нашиот напаѓач не погоди, со минимално водство се замина на полувреме.

Во 58.минута, домашниот тим успеа да го израмни резултатот на 1:1, после удар од прекин, топката  се одбива од живиот зид, но повторно еден од играчите на Охрид бие, овој пат прецизно за израмнување. Не траеше многу долго радоста на охридскиот тим, со оглед дека Лука Тасевски со евро гол од преку 20.метри во 64 минута донесе наша предност од 1:2. резултат со кој заврши овој натпревар од 19.коло во помладата пионерска Супер лига.

КУЛ: Христијан Рајевски, Михаил Крстевски, Јане Цветков, Никола Ангеловски, Фисник Љамалари (К), Газменд Љамалари, Марко Стефановски, Леон Ангелески, Спасе Здравевски, Лука Тасевски, Димитриј Карчев.

Играа уште и Петар Трајковски, Даниел Николовски и Ангел Шавгановски.

Пионерите беа поразени со резултат 3:1. Домашниот тим во 7 и 26.минута од натпреварот имаше предност од 2:0, додека ние во 35.минута со голот на Стефан Атанасовски го намаливме резултатот. На голот претходеше протурена топка од Лазовски, сето тоа го следеше Атанасовски кој од втор план успеа да погоди и да го намали резултатот на 2:1 кој беше актуелен на полувреме.

Во вториот дел падна само еден гол, истиот заврши во нашата мрежа за конечни 3:1. Имавме неколку обиди во овој дел од натпреварот, кои останаа нереализирани.

КУЛ: Даниел Диковски, Петар Лазовски, Гаврил Петаноски, Матеј Стојановски, Бојан Митров, Стефан Атанасовски, Лука Наумовски, Никола Јовановски, Дамјан Спасовски (К), Стојанче Камчев, Марко Костовски.

Играа уште и Петар Трпевски и Војо Стојановски.