Минимални порази за „петлињата“ на Кул против екипата на Шкендија

Девојките на Истатов КУЛ со минимален пораз од лидерот на табелата
05/13/2023
Генерацијата 2015 ќе земе учество на турнирот „Железара 2023“
05/15/2023

Минимални порази за „петлињата“ на Кул против екипата на Шкендија

Денес, генерациите 2008 и 2009 гостуваа во Тетово кај екипата на Шкендија, на натпревари од 19.коло во Регионалната Скопска Лига.

Генерацијата 2008 иако прва го отвори резултатот, сепак на крајот беше поразена со резултат 2:1. Се играше 5.минута од натпреварот, кога со голот на Андреј Николовски успеавме да поведеме со 0:1. Сепак до крајот на првиот дел, домашниот тим успеа да постигне два гола, во 11 и 30 минута и да поведе со 2:1.

Во вториот дел и двете екипи имаа неколку обиди да го загрозат голот, но не видовме погодок, на крајот победа за Шкендија со резултат 2:1.

КУЛ: Ангел Цветевски, Драган Лазаров, Мартин Гоџо, Михаил Алексов, Марио Ефтимовски, Андреј Николовски (К), Теодор Велковски, Аган Демир, Трајче Талевски, Лука Аврамовски и Леон Ангелески.

Играа уште и Ведран Арнаудов, Филип Димковски и Андреј Кузманов.

Со резултат 3:2 беше поразена генерацијата 2009. Овој натпревар можеше да има поинаков тек доколку успеавме први да го отвориме резултатот, а имавме таква шанса преку Стојановски Кирил и Цаца Јорго, но не успеавме да погодиме од добри прилики. Во последната минута од првиот дел, екипата на Шкендија успеа да го отвори резултатот и да поведе со 1:0 и со минимална предност да замине на одмор.

Во 42 минута со одличниот гол од преку 20 метри на Филип Дукоски успеавме да го израмниме резултатот, за во 44 минута домаќинот да поведе со 2:1. Кратко траеше нивната радост, со оглед дека Кирил Стојановски во 46 минута донесе израмнување, после центар шут од корнер на Гиевски. Сепак, противникот до крајот постигна уште еден гол и на крајот славеше победа со конечни 3:2.

КУЛ: Божидар Георгиевски, Матеј Манев, Матеј Ивановски (К), Теодор Љубомировски, Петар Крчаноски, Марко Стојановски, Јован Гиевски, Кирил Стојановски, Филип Дукоски, Јорго Цаца и Матеј Фидановски.

Играа уште и Андреј Илиевски, Леон Андовски, Горазд Ѓуроски, Андреј Нешевски, Марио Николовски.