ФК КУЛ Ген.2008 се врати од два негатива и дојде до реми

ФК КУЛ Ген. 2009 без бодови од денешниот натпревар
05/20/2023
Пораз за помладите пионери од екипата на Милано
05/21/2023

ФК КУЛ Ген.2008 се врати од два негатива и дојде до реми

Во рамки на 20.коло од регионалната лига тимот на ФК КУЛ генерација 2008 беше домаќин на Работнички. Успеавме по два негатива да дојдеме до реми 2-2 (1-2).
Кул: Цветевски Анге, Лазаров Дарган, Гоџо Мартин, Алексов Михаил, Ефтимовски Марио, Николовски Андреј (К), Велковски Теодор, Демир Аган, Талевски Трајче, Ангелески Леон и Димковски Филип.
Дуелот започна со блага теренска иницијатива на гостинскиот тим. Работнички успеа да погоди за водство со 0-1. Ние тргнавме офанзивно со цел да изедначиме, прва шанса имаше за нас Ефтимовски Марио. Потоа се заканивме и преку Талевски Трајче. Гостинот успеа да ја удвои својата предност, тие поведоа со 0-2. Ние продолживме со нападите и повторно се закани Талевски Трајче. Нашето залагање на оваа средба вроди со плод, дојдовме до преполовување на негативата, топката дојде до Велковски Теодор кој стрелаше за 1-2, резултат со кој се замина на одмор.
Тргнавме офанзивно на почетокот на вториот дел на Цементарница. По 5.минути игра добивме пенал, одлично го изведе истиот капитенот, Николовски Андреј. Со силен удар во долниот лев агол стрелаше за израмнување на 2-2. Веднаш во следната акција Ефтимовски имаше прилика за пресврт од слободен удар, топката мина крај стативата. Шансите се редеа пред голот на црвено-белите, Талевски Трајче погоди во гредата. Имавме офанзива и до крајот, ремито е одличен резултат на оваа средба по негативата од два гола.
Играа уште: Арнаудов Ведран, Кузманов Андреј, Аврамовски Лука.