Пораз за помладите пионери од екипата на Милано

ФК КУЛ Ген.2008 се врати од два негатива и дојде до реми
05/20/2023
Три бода за пионерите во дуелот против Милано
05/21/2023

Пораз за помладите пионери од екипата на Милано

Помладите пионери се поразени со резултат 2:4 од екипата на Милано, на натпревар од 20.коло во Супер Лигата.

Тренерот Тодоровски стартуваше со следниве 11-сетмина: Даниел Исајловски, Петар Трајковски, Виктор Ангеловски, Даниел Николовски, Ангел Шавгановски, Војо Стојаноски, Леон Ангелески, Лука Тасевски (К), Лука Северов, Петар Сандев, Димитриј Карчев.

На денешниот натпревар, тренерот Тодоровски, шанса за настап им даде на играчите кои имаа помала минутажа во текот на сезоната. Милано имаше поголем посед на топка во првото полувреме, во кое успеа да постигне и два гола. Резултатот го отворија со наш авто гол  во 6.минута, после акција од десната страна еден од играчите на Милано упати центар шут, а си постигна авто гол. Пред крајот на првиот дел беше досуден удар од белата точка, кој противникот успешно го реализира за водство од 0:2 на полувреме. Нашиот состав во првите 45 минути не успеа да упати удар кон противничкиот гол.

По десет минути игра во второто полувреме, Милано имаше и предност од 0:3. Во продолжение од натпреварот се раздвижи нашата игра, почнавме да создаваме акции и да се закануваме кон голот на противникот. Пред да го намалиме резултатот, два обиди кон голот на кумановчани имаше Лука Тасевски, кој биеше крај голот. Во следната акција од десната страна, во противничкиот шеснаесетник најдобро се снајде Тасевски кој успеа да го намали резултатот на 3:1 во 69 минута. После центар шут на Николовски од десната страна, Велковски биеше го глава, но одбрани голманот на гостинската екипа. Во 85.минута, Димитриј Карчев од слободен удар успеа да намали на 2:3, но веќе во следниот удар, Милано зголеми на 2:4, резултат кој беше конечен на натпреварот.

Играа уште и Михаил Алексов, Андреј Николовски, Теодор Велковски, Трајче Талевски и Матеј Алексов.