ФК КУЛ Ген. 2009 без бодови од денешниот натпревар

Продолжува Супер Лигата со натпревари од 20.коло против екипата на Милано
05/17/2023
ФК КУЛ Ген.2008 се врати од два негатива и дојде до реми
05/20/2023

ФК КУЛ Ген. 2009 без бодови од денешниот натпревар

 

Помалите петлиња на ФК КУЛ, генерација 2009 во рамки на 20.коло од Скопската Регионалната лига беа домаќини на Работнички. На оваа средба гостите дојдоа до три бода со резултат 0-2.

Кул: Георгиевски Божидар, Илијевски Андреј, Манев Матеј, Ивановски Матеј (К), Љубомировски Теодор, Крчаноски Петар, Стојановски Марко, Гиевски Јован, Стојановски Кирил, Дукоски Филип и Фидановски Матеј.

Првата половина од првиот дел мина во надигрување на двата тима пред се на средината на теренот. Имавме потоа повеќе посед од противникот, но по една нивна акција упатија опасен удар, најпрвин нашиот голман Георгиевски Божидар одлично одбрани и исфрли во поле, за жал до топката стигна противничкиот напаѓач кој стрелаше за предност на црвено-белите со резултат 0-1. По ова ние тргнавме во атак со цел да ја вратиме резултатската симетрија. Најголема шанса до крајот на првиот период имаше Дукоски Филип, сепак на одмор заминавме со минимална негатива од еден погодок.

Во вториот дел имавме повеќе од играта, создадовме три прилики за погодок кои не донесоа реми. Најпрвин од дистанца се обиде Дукоски Филип, потоа и капитенот Матеј Ивановски. Своја прилика имаше и нововлезениот Јорго Цаца, сепак и покрај залагањето не дојдовме до изедначување. Во последните минути гостинот погоди за конечните 0-2.