Три бода за пионерите во дуелот против Милано

Пораз за помладите пионери од екипата на Милано
05/21/2023
Се комплетираше 20.коло во Супер Лигата, голема победа за кадетите во Куманово
05/21/2023

Три бода за пионерите во дуелот против Милано

Пионерите освоија три бода, на натпревар од 20.коло во Супер Лигата, во кое за противник ја имаа екипата на Милано. Конечниот резултат на натпреварот кој се одигра на Цементарница гласеше 2:1 (1:1)

Тренерот Тодоровски стартуваше со следниве играчи: Христијан Рајевски, Јане Цветков, Гаврил Петаноски, Никола Ангеловски, Фисник Љамалари, Никола Јовановски (К), Михаил Крстевски, Спасе Здравевски, Марко Стефановски, Бојан Митров и Газменд Љамалари.

Уште во 3.минута, Никола Јовановски, успеа со глава да ја затресе мрежата на противникот и да ни донесе предност од 1:0. Милано се врати во игра, кога во 22 минута го израмни резултатот, со многу среќа еден од нивните играчи успеа да го совлада Рајевски и да донесе израмнување. Во овој дел од натпреварот закана кон голот на гостите имаше Бојан Митров, додека Милано на два пати се закани кон нашиот гол, на на место беше Рајевски.

Во вториот дел пред да успееме да постигнеме нов гол, во прилики се најдоа Камчев и Имеров, но одбрани голманот на Милано. Затоа во следната акција, која се одвиваше од левата страна, после продор на Стефановски кој биеше, одбрани за момент голманот на противникот, но истата стигна до Спасе Здравевски кој ни донесе предност од 2:1, резултат со кој заврши натпреварот.

Црна дамка на натпреварот остави повредата на Фисник Љамалари, кој се здоби со скршеница на ногата. Нашиот клуб му посакува брзо опоравување и враќање на терените.

Играа уште и Илхан Имеров и Стојанче Камчев.