Пионерите на „крилјата“ на Диковски победија во Тетово, помладите пионери поразени од Шкендија

Претпоследно коло во Супер Лигата, КУЛ на „мегдан“ со Шкендија
05/26/2023
Шампиониии.. КАДЕТИТЕ НА КУЛ ДОЈДОА ДО ПЕХАРОТ
05/28/2023

Пионерите на „крилјата“ на Диковски победија во Тетово, помладите пионери поразени од Шкендија

Денес, со пионерските екипи гостувавме кај екипата на Шкендија, на натпревари од претпоследното коло во Супер Лигата.

Помладите пионери беа поразени со резултат 5:1. По само девет минути игра противникот имаше висока предност од 3:0, за до крајот на првиот дел да го зголеми резултатот и на 4:0.

Во второто полувреме, двете екипи постигнаа по еден гол, стрелец на единствениот гол за нас беше Газменд Љамалари.

КУЛ: Христијан Рајевски, Михаил Крстевски, Јане Цветков, Петар Трајковски, Никола Ангеловски, Спасе Здравевски, Војо Стојаноски, Газменд Љамалари, Марко Стефановски, (К), Леон Ангелески, Димитриј Карчев

Играа уште и Даниел Николовски, Виктор Ангеловски, Ангел Шавгановски и Петар Сандев.

Пионерите успеаа да освојат три бода на гостувањето кај екипата на Шкендија, со минимална победа од 0:1 (0:0). Моментот на одлука се случи во 77.минута кога Дамјан Спасовски погоди од слободен удар за водство од 0:1, резултат кој до крајот се покажа и како конечен. Денес играч на натпреварот слободно можеме да кажеме дека беше нашиот голман, Даниел Диковски, кој имаше неколку одбранети удари на противникот. Шанси кај нас имаа уште и Камчев и Атанасовски, кои сепак не се запишаа во листата на стрелци.

КУЛ: Даниел Диковски, Петар Лазовски, Гаврил Петаноски, Матеј Стојановски (К), Илхан Имеров, Стефан Атанасовски, Лука Наумовски, Никола Јовановски, Дамјан Спасовски, Стојанче Камчев, Бојан Митров.

Играа и Матеј Алексов, Марко Костовски и Лука Северов.