Шампиониии.. КАДЕТИТЕ НА КУЛ ДОЈДОА ДО ПЕХАРОТ

Пионерите на „крилјата“ на Диковски победија во Тетово, помладите пионери поразени од Шкендија
05/27/2023
Младинците одиграа реми со Шкендија
05/28/2023

Шампиониии.. КАДЕТИТЕ НА КУЛ ДОЈДОА ДО ПЕХАРОТ

🏆🆒КУЛ шампииииионееее… Кадетите на КУЛ се шампиони на Македонија🏟️👍на коло пред крајот со победата над Шкендија дојдовме до пехарот… 💙💙💙💙Победата дојде со резултат 3:1.

Кул: Јосифов Јордан, Теновски Кристијан, Стефановиќ Владимир, Спасовски Александар, Фејзула Осман, Цамиќ Белмин, Наков Борјан, Васиќ Даниел, Голубов Давид, Цветановски Матеј( К) и Блажески Александар.

На самиот старт следеше „шок“ за нас, гостинот успеа да поведе со 0-1, сепак нашите момци покажа карактер. Веднаш тргнаа во тотална офанзива, прв шанса имаше Васиќ Даниел. Потоа се закани капитенот Матеј Цветановски и Васиќ. Имавме целосна доминација, по корнер од левата страна погоди Стефановиќ Владимир со глава за 1-1. По изедначувањето ние имавме доминација и добивме пенал. Цамиќ Белмин умешно погоди за целосен пресврт и водство од 2-1. До крајот имавме шанса и за два плус, Даниел Васиќ упати удар кој ривалот го исфрли во корна. На одмор на овој клучен натпревар заминавме со резултат 2-1 за нашите момци.

Белмин Цамиќ на почетокот на вториот дел стапи на сцена, по еден одличен продор извади по 2.пат и по втор пат самиот го реализираше. Со неговиот погодок поведовме со 3-1 и најавивме победа за пехар. Јосифов на нашиот гол потоа впиша одлична одбрана и не дозволи намалување на предноста. Водството од два гола кое ни носи пехар го чувавме со офазивна игра и постојани атаци на половината на црвено-црните од Тетово. На стадионот Цементарница имаше попладнево голема посетеност, нашите кадети во текот на целиот дуел беа бодрени од фановите на Кул.