Младинците одиграа реми со Шкендија

Шампиониии.. КАДЕТИТЕ НА КУЛ ДОЈДОА ДО ПЕХАРОТ
05/28/2023
Кадетите со победата против Шкендија станаа Шампиони, преглед на резултати од 21.коло
05/29/2023

Младинците одиграа реми со Шкендија

Денес младинската екипа на Кул ја пречека Шкендија. На оваа средба од предпоследната рунда од оваа сезона одигравме реми 2-2.

Кул: Димитриевски Давид, Зафироски Виктор, Мицевски Марко, Ѓорѓиев Стефан, Митревски Јован (К) Стојановски Стефан, Методиевски Дарио, Манасиевски Горјан, Попов Горазд, Фејзула Мухамедин и Стојанов Филип.Ние започнавме со офанзивна на самиот почеток на средбата, тоа донесе предност со 0-1. За младинците на Кул погоди Стефан Стојановски. Тимот од Тетово усепа да ја врати резултатската симетрија со погодок за 1-1. Ние не се предавадовме и имавме повеќе од играта во поле, до крајот на првите 45.минути на овој младински суперлигашки дуел имавме две прилики. За нас шасни имаа Манасиевски Горјан и Попов Горазд, сепак на одмор заминавме со резултат 1-1.


Вториот дел започна со наша иницијатива, прв се закани Горазд Попов кон голот на црвено-црните од Тетово. Димитриевски на нашиот гол имаше одличена интервенција при еден обид на гостинот, со нога успеа да спаси еден незгоден удар.

Тренерот Стефонски даде шанса на сите од клупата, Стојановски, Спасовски, Лазаровски и Јовановски. Веднаш нововлезениот Никола јовановски создаде две прилики за погодок по влегувањето од клупата. Нашите момци успеа да дојдат до  погодок преку  Стефан Стојановски ,кој погоди втор пат денес за предност на КУЛ со резултат 2-1.Шкендија врати и одигравме реми 2-2.