Кадетите и младинците со натпреварите против Работнички ја финишираа сезоната

Пионерите без бодови во последното коло
05/31/2023
(Фотогалерија) Кадетите го добија трофејот за освоеното прво место во Кадетската Супер Лига
06/01/2023

Кадетите и младинците со натпреварите против Работнички ја финишираа сезоната

Кадетите и младинците го одиграа последното првенствено коло за оваа натпреварувачка сезона. Денес нашите екипи гостуваа кај екипата на Работнички, натпревари кои се одиграа на теренот на Алумина.

Во еден рамноправен натпревар, нашите кадети доживеа минимален пораз со резултат 0:1, натпревар кој немаше резултатско значење за нашиот тим со оглед дека во претпоследното коло ја обезбедивме шампионската титула. Гледавме цврст натпревар кој немаше многу шанси, но двете екипи даваа максимум на теренот. Одлична одбрана во првите 45 минути имаше Јордан Јосифов кој со рефлексна интервенција спаси негативва за нашиот тим, додека кај нас во првото полувреме во шанси се најдоа Даниел Васиќ и Борјан Наков, кои не успеаа да се запишат во листата на стрелци. На краток одмор се замина со почетните 0:0.

На стартот на вториот дел, Работнички сериозно се закани кон нашиот гол, но повторно на место беше Јосифов. Во второто полувреме, нашиот тренер Стефановски направи неколку измени, давајќи шанса на помладите играчи. Токму, Стефан Атанасовски имаше обид да го загрози голот на гостите, но одбрани голманот, за во следната акција истиов играч да асистира до Белмин Цамиќ кој се најде во добра позиција, упати удар, но одбрани голманот на гостите и спречи наша предност. Обид имаше и нововлезениот Марко Костовски, но немаше промена на резултатот. Во 82.минута после центар шут од прекин, на вистинското место се најде Попоски кој му донесе предност на својот тим од 1:0, резултат со кој заврши и овој натпревар.

КУЛ: Јордан Јосифов, Владимир Стефановиќ, Петар Трпевски, Осман Фејзула, Александар Спасевски, Белмин Цамиќ, Борјан Наков, Даниел Васиќ, Дамјан Љубомировски, Матеј Цветановски (К), Давид Голубов.

Играа уште и Јане Цветков, Матеј Стојановски, Стефан Атанасовски и Марко Костовски.

Младинците на последниот натпревар сезонава беа поразени со резултат 7:0. Уште на полувреме домашниот тим се стекна со висока предност од 4:0, по што беше јасно дека ќе ги освојат трите бода. Ние во првиот дел се заканивме преку Горазд Попов и Стефан Стојановски, но денес не успеавме да постигнеме гол.

КУЛ: Давид Димитриевски, Виктор Зафироски, Марко Мицевски, Стефан Ѓорѓиев, Јован Митревски (К), Стефан Стојановски, Дарио Методиевски, Горјан Манасиевски, Горазд Попов, Теодор Перковски, Филип Стојанов.

Во игра влегоа и Дамјан Спасовски, Стојанче Камчев, Никола Јовановски и Александар Блажески.