Преглед на сезоната за помладите пионери, генерација која беше блиску до пласман во финалето на Купот

Виктор Петров: КУЛ е моето фудбалско семејство
06/07/2023
Пионерите завршија на средина на табелата во лигата, Камчев беше најдобар стрелец
06/13/2023

Преглед на сезоната за помладите пионери, генерација која беше блиску до пласман во финалето на Купот

Генерацијата 2007 финишираше на 10.место во помладата пионерска Супер Лига. Екипата предводена од Стојан Тодоровски освои вкупно 21 бод. Интересно е што немаа ниту еден нерешен резултат, додека остварија 7 победи и 15 порази. Постигнавме 21, додека примивме 44 голови.

Преглед на сите остварени резултати сезонава за помладите пионери во првенството: 

1 коло: Кул – Вардар  0:2

2 коло: Македонија Ѓ.П – Кул  4:0

3 коло: Кул – Шкупи  2:0

4 коло: Академија Пандев – Кул  4:0

5 коло: Кул – Пелистер  1:2

6 коло: Победа – Кул  1:3

7 коло: Кул – Брегалница  2:0

8 коло: Кул – Охрид  3:0

9 коло: Милано – Кул   3:0

10 коло: Кул – Шкендија  2:0

11 коло: Работнички – Кул  2:0

12 коло: Вардар – Кул  2:0

13 коло: Кул – Македонија Ѓ.П  0:3

14 коло: Шкупи – Кул  1:0

15 коло: Кул – Академија Пандев  1:3

16 коло: Пелистер – Кул  3:0

17 коло: Кул – Победа  2:0

18 коло: Брегалница – Кул  2:0

19 коло: Охрид – Кул  1:2

20 коло: Кул – Милано  2:4

21 коло: Шкендија – Кул  5:1

22 коло: Кул – Работнички  0:2

Што се однесува до листата на стрелци кај помладите пионери во првенството, како најдобар голгетер се покажа Фисник Љамалари.

  1. Фисник Љамалари  5
  2. Марко Стефановски и Газменд Љамалари  -4
  3. Леон Ангелески, Димитриј Карчев и Лука Тасевски -2
  4. Стефан Атанасовски, Виктор Ангелоски и Бојан Митров -1

Оваа генерација беше многу блиску до пласман во големото финале на Купот, но во полуфиналето дури после изведување на удари од белата точка бевме поразени од екипата на Брегалница. Претходно, успеавме да победиме големи противници, во имињата на Работнички и Вардар.

1/8 финале: КУЛ – Работнички  2:0

1/4 финале: КУЛ – Вардар  1:1  ( пенали 4:2)

1/2 финале: Брегалница – КУЛ  1:1 ( пенали  4:1)