Божидар Георгиевски: Во КУЛ се чувствувам сакан и почитуван, за да се стане успешен голман потребно е многу труд и желба

Како помина сезоната за младинската екипа
06/21/2023
Стефан Стојаноски: Најголема желба ми е да ги бранам боите на мојата земја, верувам дека можеме со Кул да освоиме медал во Детската Лига на ФФМ
07/15/2023

Божидар Георгиевски: Во КУЛ се чувствувам сакан и почитуван, за да се стане успешен голман потребно е многу труд и желба

Во следното наше интервју ве запознаваме со Божидар Георгиевски, голманот на генерацијата 2009 која сезонава дебитираше во Регионалната Скопска Лига за помлади петлиња.

Бобо потекнува токму од нашата фудбалска школа, каде ги направи првите почетоци и веќе осум години е дел од Кул.

1. На колку години беа вашите фудбалски почетоци, дали се сеќавате на вашиот прв тренинг ?

-Моите први фудбалски почетоци беа во фудбалската школа ,,COOL,, кога имав шест години. Моите почетоци беа под контрола на првите мои тренери Злате Арсовски и Никола Арсов и беа многу интересни, бидејки јас почнав како играч, а по неколку тренинзи кај мене се роди желба за голманската позиција.

2. Зошто се одлучивте да станете голман, а не играч, од каде произлезе желбата за оваа позиција во фудбалот ?

-Желбата да станам голман произлезе гледајки го мојот постар брат како брани на рекреативните маалски натпревари, а воедно ми беше посочено од мојот тогаш нов тренер, Александар Цветковски,  дека имам талент за голманската позиција.

3. Кој е голманскиот идол на Бобо ?

-Мој голмански идол уште како мал е поранешниот голман на италијанскиот прволигаш Милан, Џанлуиџи Донарума.

4. Минатата година со вашата генерација успеавте да го освоите сребрениот медал во Детската Лига на ФФМ, по што ќе го паметите големото финале против екипата на Грозданоски, како вие го видовте тој натпревар во борбата за злато ?

-Големото финале на ФФМ за златниот медал против екипата Грозданоски од Скопје, јас ќе го паметам по пожртвуваната игра на мојата екипа и моите добри одбрани, а воедно и по крајно нечесното судење од страна на судиите кои очигледно беа наклонети кон противничката екипа. Овој натпревар го изгубивме дури по изведувањето на пеналите.

5. Кој е најсилниот меѓународен турнир на кој сте настапувале со вашиот тим ?

-Најголем меѓународен турнир на кој сум учествувал е турнирот кој го организира нашата фудбалска школа под името ,,КУЛ КУП,, само информативно на последниот организиран турнир имаше над илјада дечиња од Балканот и Европа. На мојот прв турнир кој се одржа во Благоевград во Р.Бугарија се вративме со златинот медал.

6. Колку е тешко да се стане врвен голман, кои три работи за најпотребни за успешен голман ?

-Да се стане успешен голман треба многу труд , откажување од многу задоволства, напорни тренинзи , а пред се голема желба. Според мене за успешен голман потребно е желба, тренинзи и дисциплина.

7. Сезонава која помина се натпреварувавте во Регионалната Скопска Лига која не финишираше до крајот. Едно ваше резиме на постигнатите резултати и прикажаната игра во ова натпреварување. Колку сте задоволни од настапите на својот тим ?

-Сезонава што заврши покажавме добра цврста машка игра на целата екипа постигнувајки добри резултати. За мене беше многу успешна полусезоната, а и до пред крајот на предвреме прекинатото првенство бев со примен само еден гол. Во целост сум задоволен од играта на мојата екипа и мојот учинок, но секогаш може подобро и повеќе.

8. Долго време сте во Кул, како ќе го опишете клубот во кој израснавте и се развивате како играч ?

-Мојот клуб ,,COOL,, за мене преставува едно големо пријатно семејство, место каде се чувствувам сакан и почитуван и каде што се научив на ред , работа, одговорност и дисциплина. Многу сум благодарен на основачот, на тренерот Рацо, и сите членови во клубот.

9. Колку голманот е важен за екипата, во спортот се вели „добар голман е пола екипа“ ?

-Како што споменавте ,,Добар голман е половина екипа,, меѓутоа за добра игра и постигнување на добар резултат потребна е заедничка тимска игра на секој играч во екипата.

10. Кога не играте фудбал, што најмногу сака да прави Бобо во слободно време ?

-Моето слободно време го минувам со моите другарчиња и екипата играјки фудбал во нашето маало и гледајки фудбалски натпревари на телевизија.

11. Дали имате некоја желба или зацртана цел која сакате да ја остварите во иднина на спортски план ?

-Во иднина посакувам да станам успешен голман како мојот идол во фудбалскиот клуб Милан од Италија.