Стефан Стојаноски: Најголема желба ми е да ги бранам боите на мојата земја, верувам дека можеме со Кул да освоиме медал во Детската Лига на ФФМ

Божидар Георгиевски: Во КУЛ се чувствувам сакан и почитуван, за да се стане успешен голман потребно е многу труд и желба
07/05/2023
Мартин Коневски: Целта е да станам професионален фудбалер и со мојот клуб да играм во Лига на Шампионите
07/22/2023

Стефан Стојаноски: Најголема желба ми е да ги бранам боите на мојата земја, верувам дека можеме со Кул да освоиме медал во Детската Лига на ФФМ

Нашето следно интервју е со Стефан Стојаноски, играч роден 2011 година за кој веќе ова е седма година како што е дел од нашиот клуб, во кој ги имаше и своите фудбалски почетоци. Брз играч кој располага со многу фудбалски квалитети, а во продолжение можете да го прочитате интервјуто со овој млад надежен играч.

1. На колку години беа првите фудбалски почетоци и од каде произлезе желбата за да тренирате фудбал ?

-Првите почетоци беа на 5 годишна возраст, желбата за фудбал произлезе од постојаното играње со моите другарчиња.

2. Може ли да ни издвоите најдрага победа или трофеј кој го имате освоено со вашата генерација ?

-Најдраг трофеј ми е освојувањето на прво место со генерација 2011 на турнирот во Охрид оваа година каде освоив и награда за најдобар играч и стрелец.

3. На која позиција се гледате, на голем фудбалски терен ?

-Како офанзивен играч, по крилните позиции.

4. За кој Европски клуб навивате и дали имате идол ?

-Навивам за Реал Мадрид, а идол ми е Кристијано Роналдо.

5. Набројте неколку фудбалски квалитети кои сметате дека ги поседувате ?

-Брзина ,техника, борбеност и креативност.

6. Вашиот брат,Марко, исто така е дел од Кул, каде настапува за генерацијата 2009. Колку фудбалски се разликувате од вашиот брат, дали имате и слични карактеристики на теренот ?

-Да, и мојот постар брат Марко игра во ФК Кул. Имаме многу слични особини тука е секако брзината, но имаме и разлики ,основната разлика е тоа што јас сум левичар, а тој е десничар.

7. Дали во иднина се гледате во репрезентативниот дрес на Македонија, што значи за вас да се биде репрезентативец на својата земја ?

-Да, секако дека најголема желба ми е да ги бранам репрезентативните бои на мојата земја Република Македонија, јас живеам со желба дека тоа ќе ми се оствари. Да се биде репрезентативец е гордост и достигнување кое секој би го посакал.

8. Во новата натпреварувачка сезона повторно ќе настапувате во Детската Лига на ФФМ. Дали го гледате вашиот тим во борба за еден од медалите во ова натпреварување ?

-Ќе дадеме се од себе, бидејќи сум сигурен дека можеме да постигнеме добар пласман и да освоиме медал во Детската Лига на ФФМ.

9. Кога не тренирате и играте фудбал, што е она што најмногу сакате да го правите во слободно време ?

-Јас и во слободно време најмногу сакам да играм фудбал со моите другари од маало.

10. Како Стефан ја гледа фудбалската игра, што е потребно за еден спортски колектив да доминира на теренот ?

-За мене фудбалот е игра која бара пожртвуваност,желба за заеднички успех,за да се доминира мора да имаме развиен дух за меѓусебна соработка на сите на теренот.

11. За крај на интервјуто, дали Стефан има некоја желба или цел која сака да ја оствари во иднина ?

-Мојата најголема желба е еден ден да заиграм за Реал Мадрид и репрезентацијата на Република Македонија.