Мартин Коневски: Целта е да станам професионален фудбалер и со мојот клуб да играм во Лига на Шампионите

Стефан Стојаноски: Најголема желба ми е да ги бранам боите на мојата земја, верувам дека можеме со Кул да освоиме медал во Детската Лига на ФФМ
07/15/2023
Марко Арсовски: Една од моите најдобри одлуки е доаѓањето во КУЛ, моето мото секогаш е „пред се биди човек, па после се друго”
08/03/2023

Мартин Коневски: Целта е да станам професионален фудбалер и со мојот клуб да играм во Лига на Шампионите

Продолжуваме со промоција и запознавање со нашите млади играчи. Следново интервју е со Мартин Коневски, кој своите почетоци ги има токму во нашиот клуб, за кој и денес настапува за генерацијата 2011.

1. На колку години беше вашиот прв тренинг, кој ве научи на првите фудбалски чекори и ве запозна со основите во фудбалот ?

-Мојот прв тренинг беше на 6 години, на моите први фудбалски чекори ме научи тренерот Александар Цветковски.

2. Кога не би било фудбал, со кој друг спорт ќе се занимававте ?

– Со шах.

3. Кој е најголемата поддршка на Мартин во фудбалот ?

-Тренерот и моите родители.

4. Изминатава сезона со вашата генерација се натпреварувавте во Детската Лига на ФФМ. Колку сте задоволни од одиграната сезона, од резултатите на вашиот тим, како и од вашиот придонес на теренот ?

-Не сум задоволен од нашиот резултат, се надевав дека ќе бидеме шампиони на Македонија, задоволен сум од мојата игра, но секогаш може подобро и повеќе.

5. Која и идеалната позиција за Мартин на која најдобро се чувствува на теренот ?

-Мислам дека најдобро се чувствувам на позиција шпиц играч.

6. Дали имате фудбалски идол и Европска екипа за која навивате ?

-Мој идол е Кристијано Роналдо, а навивам за Реал Мадрид.

7. Најбројте три најважни работи кои се потребни за еден фудбалер да биде успешен ?

-Дисциплина, посветеност и напорен тренинг.

8. Колку сте задоволни од условите кои Кул ви ги нуди за работа ?

-Условите се добри, но доколку би постоел фудбалски терен со вештачка трева би биле подобри.

9. Која е најдрага победа или трофеј кој го имате освоено со вашата генерација ? 

-Најдрага победа ми е кога на Охридскиот турнир 2023 во полуфинале ја победивме екипата Next level. Најдраг трофеј ми е прво место на турнирот „Next level 2023“.

10. Дали Мартин има своја цел која сака да ја оствари на спортски план ?

-Моја цел е да станам професионален фудбалер и со мојот клуб да учествувам во Лига на Шампионите.