Леон Дончевски: Се надевам дека ќе постигнеме успех на „КУЛ КУП“, мојата цел е да настапувам за националната репрезентација

Дамјан Тодоровски: Желбата да тренирам фудбал, се роди кога го гледав татко ми како настапува за нашата репрезентација
08/08/2023
Павел Зојчевски: Мојата цел е да станам професионален фудбалер, со мојата екипа ќе дадеме максимум на „КУЛ КУП“
08/30/2023

Леон Дончевски: Се надевам дека ќе постигнеме успех на „КУЛ КУП“, мојата цел е да настапувам за националната репрезентација

Следното наше интервју е со Леон Дончевски , играч кој настапува за генерацијата 2011, одличен млад фудбалски талент кој настапува во КУЛ.
.
1. Како се роди љубовта за дружење со „бубамарата“ односно желбата  да тренирате фудбал ?
-Јас потекнувам од фудбалско семејство, мојот прадедо, дедо, и татко се бивши фудбалери. Татко ми повеќе од 15 години играше професионално фудбал, а и сеуште е активен и настапува аматерски за сениорите на Кул. Имам генетски предиспозиции и вродена желба да играм фудбал.
.
2. Дел сте од КУЛ, какви услови нуди клубот за млади фудбалери ?
,
-Според мене условите се идеални, има добри терени каде што можеме да ги извршуваме нашите тренинзи и подготовки за натпревари, како и стручни тренери кои не обучуваат да напредуваме во фудбалската игра
.
3. Кој е вашиот фудбалски идол и пример ?
-Имам повеќе идоли, но ќе го издвојам Рамос,  ме инспирира неговиот начин на игра во одбраната и Мбапе кој ми е фаворит од напаѓачите.
.
4. На почетокот на месец септември со вашата генерација ќе се натпреварувате на „Кул Куп 2023“, еден од најсилните меѓународни турнири во нашата земја кој го организира нашиот клуб. Што може да очекуваме од вашиот тим на турнирот, на кој ќе настапат силни екипи, како од Македонија така и надвор од нашата земја ?
-Очекувам да се покажеме во најдобро светло, со напорна работа и труд се надевам ќе постигнеме успех, затоа што сметам дека нашате екипа не е за потценување.
,
5. Како Леон ја гледа фудбалската игра, што е потребно за еден тим да биде успешен ?
-Фудбалската игра пред се е дружба од која произлегува успешен тим. А за еден тим да биде успешен треба да има слога и дисциплина, како и помагање на соиграчите еден со друг во теренот и надвор од него.
.
6. Како го помина летниот распуст, пред почетокот на подготовките за новата натпреварувачка сезона ?
– Летниот распуст го поминав дружејќи се со моите другари, играјќи маалски фудбал и други некои забавни игри.
,
7.Опишете ја со три збора вашата генерација ?
-Талентирана, храбра, тимска која може да даде повеќе идни репрезентативци.
.
8. Која е идеалната позиција на теренот на која се гледате во иднина ?
-Можам да играм на повеќе позиции, во одбраната како и во средниот ред, во иднина се гледам во средниот ред како играч за врска.
.
9. Која е целта која сакате да ја остварите на фудбалски план ?
– Мојата цел е да играм за репрезентацијата на Република Македонија и да станам познат фудбалер.