Три бода за генерација 2009, победа против Биџо, во Регионалната Скопска Лига

Втора убедлива победа за помладите петлиња во Регионалната Скопска Лига
10/07/2023
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Генерацијата 2010 со висока победа против Биџо
10/09/2023

Три бода за генерација 2009, победа против Биџо, во Регионалната Скопска Лига

Повозрасните петлиња на Кул стигнаа до втор триумф во Регионалната Скопска Лига, после денешната победа против екипата на Биџо од Куманово. Натпреварот кој се одигра на стадионот Цементарница заврши со резултат 4:0 (2:0).

Стартниот состав на нашиот тим: Божидар Георгиевски, Матеј Манев, Матеј Ивановски (К), Петар Крчаноски, Теодор Љубомировски, Јован Гиевски, Кирил Стојановски, Јорго Цаца, Марко Стојановски, Андреј Нешевски и Марио Николовски.

Нашиот тим имаше поголем посед на топка и контрола на играта во првиот дел од натпревар, на кој имавме водство од 2:0. Пред да го отвориме резултатот, Петар Крчаноски, ја погоди пречката од голот на Биџо, откако голманот ја зафати топката, за истата да ја погоди пречката. После центар шут на Гиевски од корнер, капитенот Матеј Ивановски, успеа да ни донесе водство од 1:0. Удар од некаде 18-сетина метри имаше и Јорго Цаца, но противничкиот голман одбрани со крајни напори. До крајот на првиот дел, со одличен гол на Ивановски од голема далечина го зголемивме резултатот на 2:0, со кој заврши првиот дел од натпреварот на Цементарница.

Во вториот дел постигнавме уште два гола во мрежата на Биџо. Во голема шанса најпрво се најде Матеј Ивановски, кој после една одземена топка, се најде очи во очи о голманот, но не успеа да го совлада. Предност од 3:0, ни донесе Кирил Стојановски, после центар шут од Љубомировски и лоша проценка на голманот, Стојановски се најде на вистинското место. Конечните 4:0 на натпреварот ги постави Јован Гиевски.

Играа уште и Андреј Илијевски, Иван Смилевски, Филип Дукоски, Стефан Адамчевски, Матеј Фидановски, Горазд Ѓуроски и Мартин Митановски.