Втора убедлива победа за помладите петлиња во Регионалната Скопска Лига

Распоред на натпревари во Детската Лига на ФФМ
10/05/2023
Три бода за генерација 2009, победа против Биџо, во Регионалната Скопска Лига
10/07/2023

Втора убедлива победа за помладите петлиња во Регионалната Скопска Лига

Генерацијата 2010 ја забележа и втората последователна победа во Регионалната Скопска Лига, откако денес на стадионот Цементарница ја победија екипата на Биџо од Куманово со резултат  7:0  (3:0).

Тренерот Стефановски стартуваше со следниве 11-сетмина: Младен Крстевски, Љупчо Трпковски, Илија Аксентиев, Стефан Стефаноски, Никифор Дамјаноски, Марио Стојчевски (К), Виктор Трајковски, Никола Јанкулоски, Матеј Андревски, Атанасие Жепчески и Огнен Јаков.

Имавме целосна иницијатива во првиот дел од натпреварот, период во кој успеавме да се стекнеме со предност од три гола разлика. Првата голема шанса на натпреварот ја имаше Никола Јанкулоски, кој на додавање од Јаков не успеа да го отвори резултатот, односно голманот на Биџо одбрани. Се редеа удари пред голот на противникот, шанси имаа Стојчевски, Јаков, а предност од 1:0 ни донесе Илија Аксентиев кој погоди со глава, после центар шут од корнер.

Целата игра беше префлрена на противничката половина, Марио Стојчевски упати силен удар од околу 20.метри, голманот на кумановчани ја допре топката, доволно за истата да ја погоди пречката и да не заврши во неговата мрежа. Следната прилика успеваме да ја претвориме во гол, после додавање од капитенот Стојчевски, реализираше Никола Јанкулоски за водство од 2:0.

До крајот на првиот дел, во листата на стрелци се запиша и Огнен Јаков, кој погоди со глава после центар шут од десната страна на Јанкуклоски, за резултат 3:0, со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел исто така доминиравме на теренот, и постигнавме уште четири нови голови во мрежата на Биџо. По два гола во овој дел од натпреварот постигнаа капитенот Марио Стојчевски и нововлезениот Кирил Радевски, за конечни 7:0 на натпреварот од Регионалната Скопска Лига за помлади петлиња.

Играа уште и Давид Донев, Стефан Ацковски, Иван Миленковски, Наумче Костовски, Габриел Николовски, Кирил Радевски и Алексеј Васиќ.