После три врзани победи, младинците на Кул поразени од екипата на Куманово

(Фотогалерија) Триумф за пом.пионери во дуелот со Куманово
12/06/2020
Освоени вкупно 9 бодови во дуелите со Куманово, преглед на 6.коло во младинските лиги
12/07/2020

После три врзани победи, младинците на Кул поразени од екипата на Куманово

После три врзани победи, младинците на Кул денес загубија на натпревар од 6.коло во младинската втора лига. Гостувавме кај екипата на Куманово од која бевме поразени со резултат 2:1.

Тренерот Нурединоски започна со следниве 11-сетмина: Миленковиќ Лука, Јованоски Стефан, Ѓуровски Дамјан, Крстевски Никола, Ѓорѓиевски Марко (К), Јаневски Филип, Стојчевски Леонид, Петрушевски Ангел, Василевски Александар, Ѓорѓиевски Васко, Стајковиќ Филип.

Од првата поголема прилика нашиот тим успеа да погоди и да го отвори резултатот на 0:1 со погодокот на Филип Стајковиќ во 10 минута од овој дуел. На голот претходеше центар шут од корнер, најпрво Ѓорѓиевски скокна со глава ја упати топката во голманскиот простор која за момент беше одбиена од противничката одбрана, истата стигна до Стајковиќ кој бие силно од прва, немаше шанса за интервенција на голманот на Куманово, убав гол и водство за Кул.

Во првата својата шанса реализира и домаќинот, не покривме добро во дефанизвната линија, па во 22 минута резултатот беше израмнет на 1:1. Двете екипи можеа да стигнат до предност, но до крајот на првиот дел немаше нов погодок. Куманово лесно можеше до пресврт, во нашиот шеснасетник биеше еден од противничките играчи, за наша среќа топката ја погоди стативата. Се обиде домашниот тим и од слободен удар , но одбрани Лука Миленковиќ. Можевме да жалиме што не ја вративме предноста, кога од нашата половина центар шут упати Крстевски, после една голема грешка на одбраната на домаќинот, топката стигна до Марко Ѓорѓиевски кој имаше отворена позиција за погодок, шутираше, но топката ја погоди стативата и не заврши во мрежата.Во последните минути од првото полувреме се закани Стајковиќ од прекин, но ударот беше лесен плен за противничкиот голман. На полувреме резултатот беше израмнет 1:1.

Мора да признаеме дека Куманово беше подобрата екипа во вторите 45 минути, имаше иницијатива и создаде неколку стопроцентни шанси од кои една ја реализираа во последните минути од натпреварот. Нашиот голман успеа да одбрани неколку зицер удари на противникот во овој дел од натпреварот. Лесно можеше да се случи, Куманово да си постигне и авто гол, кога после нафрлена топка од корнер за нас, еден противнички играч директно биеше во својот гол, но голманот на Куманово со рефлексна реакција спаси негатива за својот тим.

Во 75 минута останавме и со играч помалку откако директен црвен картон доби Дамјан Ѓуровски поради груб старт. Ќе го одбележиме обидот на Петрушевски кој со силен удар од 30 метри биеше за малку крај голот. Се играше 87 минута од дуелот, кога Куманово сепак постигна гол и поведе со 2:1, резултат кој беше и конечен на натпреварот.

Во игра во вториот дел влегоа Христијан Јованов, Бодан Тодоровски и Љубомир Стојановски. 

На крај сакаме да упатиме и благодарност до клубот Куманово 2012 за гостопримливоста, како и за фер и коректните натпревари кои денес се одиграа на нивниот терен.