Вчера на теренот во „Арена КУЛ“ во Кисела Вода нашата генерација родени 2012 година беше домаќин на тимот на ФК Сарај. Екипата на КУЛ, предводена од Мирослав Тодоровски успеа да победи со високи 5:1 (2:0) на овој тест напревар.
Ние тргнавме офанзивно на самиот почеток, имавме повеќе од играта и создававме прилики за погодок. Најпрвин отворивме со 1-0 преку Михаил Динов. Гостинот се закани, но на нашиот гол успешни две интервенции имаше голманот Лазаревски Михаил. Голема шанса имаше единствената дама во нашиот тим, Тамара Атанасовска одлично исолира, упати силен удар кој заврши во стативата. До крајот на првиот период имавме две прилики, Атанасовска проигра до Динов, популарниот „Мими„ не успеа да прифати пред голот. Во последната прилика за првиот дел, Динов беше непогрешлив и со неговиот втор гол успеа да ја удвои предноста. Со резултат 2:0 заминавме на одмор помеѓу двата периода.
Вториот дел започна на идентичен начин како и првиот период, ние имавме повеќе од играта. По две шанси имаа двајца наши играчи. Најпрвин Давид Николов имаше две прилики за гол кои не ги претвори во погодок. Потоа, Стефан Николовски стапи на сцена.
Првата прилика не ја реализираше, во следната шанса шутна силно по земја за наше водство со резултат 3:0. До крајот успеавме да погодиме уште два пати и да поведеме со високи 5:0. За нас стрелаа одличната, Тамара Атанасовска и по трет пат Динов. Противникот само во финишот успеа да намали, тие постигнаа гол за резултат 5:1, кој се покажа како конечен на овој тест-напревар.